Почетна Вера Груевски му го честиташе Божик на Заев
Груевски му го честиташе Божик на Заев

Груевски му го честиташе Божик на Заев

117
0

Премиерот Никола Груевски упати честитка до верниците на евангелско-методистичката црква, ког го чествуваат Божик, како и до претседателот на Евангелско-Методистичката црква Емил Заев.

– Божик е празник на Божјата љубов, празник кој треба да нè потсети дека Бог во својата намера да го доближи човекот до себе, одлучи и самиот Тој да постане човек.
Христовото раѓање е симбол на волјата Божја да сето небесно го соедини со сето земно и да испрати ѕвезда водилка која за навек ќе го осветлува патот кој е исправен и нужно потребен да има мир, радост и љубов помеѓу луѓето.

Со бескрајна почит, во мир и спокој, со широко отворени порти во нашите срца и нашите домови и оваа година да ја пречекаме убавата вест за раѓањето на Исус Христос и да го прославиме големиот настан.

Ви посакувам убави празнични денови, многу љубов и топлина во Вашите домови, и многу радост и бериќет во Вашите семејства.
Нека ни е честит и за многу години големиот празник! Христос се роди – Навистина се роди!, му пишува премиерот Груевски на претседателот на Евангелско-Методистичката црква во Македонија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *