Почетна Анализа ТИТО не дозволил денот на Светите Кирил и Методиј да биде државен празник
ТИТО не дозволил денот на Светите Кирил и Методиј да биде државен празник

ТИТО не дозволил денот на Светите Кирил и Методиј да биде државен празник

810
1

Дневниот весник „Дневник“ во денешниот број објавува досега непознати информации според кои уште во 1948, Македонија барала 24 мај да биде прогласен за државен празник, но Јоспи Броз Тито тоа не го дозволил.

dnevcnik 1На 7 мај 1948 година, македонскиот револуционер, општественик и државник, Димитар Влахов, официјално, писмено побарал од Тито да се востанови нов државен празник посветен на солунските браќа свети Kирил и Методиј, а на чествувањето да му се даде карактер на празник на словенската култура, словенската солидарност, словенското единство. Писмото е регистрирано во Архивот на Тито, но одговор до Влахов, во тоа време потпретседател на Президиумот на Сојузното собрание на ФНРЈ, никогаш не стигнал, односно Тито очигледно не бил заинтересиран за таков третман на сесловенските просветители и учители. Всушност, требаше да поминат речиси шеесет години и, дури во 2007 година, владата на ВМРО-ДПМНЕ да ја прифати неговата идеја Денот на светите солунски браќа, 24 мај, да стана државен празник на Македонија. Со празникот им се оддава почит на свети Kирил и свети Методиј, составувачи на првата словенска азбука – глаголицата. Во Македонија овој ден првпат е одбележан на 11 мај 1860 година во црквата „Света Богородица“ во Скопје, а денот што се празнува е утврден според датумот на почнување на Моравската мисија.

„Денот на Kирил и Методиј е еден од најголемите празници на македонскиот народ“

Писмото на Влахов, досега непознато за пошироката јавност, се чува во збирката документи со четан на Архивот на Јосип Броз Тито, каде што има поголем број прилози поврзани со Македонија од 1943 до 1953 година. Според историчарот д-р Новица Велјановски, кој имал увид во архивата, фондот содржи мошне значајни документи создавани или архивирани во Kабинетот на претседателот на Југославија кои фрлаат светлина на многубројните проблеми со кои се соочувала федерацијата во речиси четириесет години. Во писмото Влахов бара Тито лично да се заземе за државно празнување на денот на свети Kирил и Методиј. Во оригиналниот документ меѓу другото се вели: „Другар маршале, на 24 мај кај нас, во Македонија, како и воопшто во другите словенски земји, се прославува празникот на словенските просветители Kирил и Методиј. Прославата на тој ден во минатото играше голема улога во преродбата на националната свест на Македонците, во нивното обединување и јакнење на нивната борба за национални, културни и политички права. Тој празник беше еден од најголемите празници на македонскиот народ. Тој беше вистински народен празник. Тој ден се собираше целото население од градовите и од селата и беа организирани црковни служби, чествување, игри, веселби итн. Особено активно учество во тој празник земаше училишната младина, затоа што денот на Kирил и Методиј се сметаше главно како ден на словенската култура и просвета. Тој ден е една од главните пројави на традицијата на македонскиот народ. Денот на Kирил и Методиј се прославува уште од моментот кога македонскиот народ почна да ја води својата борба за културно, национално, политичко и социјално-економско ослободување, т.е. од пред еден век и половина“, пишува Димитар Влахов.

osloboduvane„Другар маршале, во Бугарија овој празник се прославува свечено. Тоа е организирано од власта. Особена свеченост на овој празник му била давана за време на фашистичката власт. По ослободувањето на Бугарија од фашистичкото угнетување, новата отечествено-фронтовска власт продолжи да го прославува денот на Kирил и Методиј. Во Бугарија тој ден е неработен, празничен и на тој ден се организираат големи свечености. Се држат говори, обично од наставниците, се организираат излети, се подготвуваат свечености, веселби, секаде се зборува за работата на Kирил и Методиј, дека се словенски просветители, дека ја создале ’старобугарската‘ писменост и на тој начин се поддржува големобугарштината. Но, Kирил и Методиј писменоста му ја дале на целото словенство, а не само на Бугарите. Бидејќи браќата се од Солун, Македонците земаат најживо учество меѓу Словените во прославување на делото на Kирил и Методиј, како и делото на Kлимент Охридски, еден од учениците на Kирил и Методиј. Во Бугарија на прославувањето му се дава карактер на бугарски празник, со што, се разбира, се дотура вода на воденицата на големобугарштината, а ние, Македонците, за жал, с` уште не го прославуваме овој празник како државен празник. Јас имав можност да ги слушнам одгласите, не многу поволни за нас, од прогресивни луѓе во Македонија, кои порано здушно учествувале во прославувањето на денот на Kирил и Методиј. Сметам дека тој ден треба да се прославува како празник на словенската солидарност и братство. Мислам дека ќе биде најдобро ако денот на Kирил и Методиј, кај нас, во ФНРЈ, се прогласи за ден на словенската солидарност, и ако сите училишта и сите културни установи го прославуваат како ден на нашата култура и просвета“.

Целиот текст на „Дневник“

Коментар(1)

  1. Од овој текст произлегува голема двосмисленост
    Прво– ако се поштува теоријата на Ватикан дека Македонци се по потекло од античките Македонци и дека ништо немаат со Словените, зошто толку се слават луѓето кои имаат придонес само за Словените и словенската култура. Од тоа произлегува дека Св. браќа треба да си ги слават Словените , а не Македонци кои водат потекло од сосема друга провиниенција, како што се на пр, Грците, Египјаните, или другите православни народи.
    Второ Па никој од Словените не оди во Ватикан да го слави поменот на Словенските светители .Тоа го прави само Македонија и нејзината црква , која само папата и ватикан ја призна, па оттука со право може да се тврди дека МПЦ е дело и на папапта и на Ватикан, покрај тоа што што приоритетно се тврди дека е дело на комунистите, а тоа се види и што комуниста Влахов моли комуниста Тито да усњтанови за државен празник ден на лугето кои се делувале на црквено поле на словенска полза, и покрај тоа што најголема полза од нивното дело имала Византија, односно оној кој ги пратил меѓу Словените Фактички овде постојат две бесмислици—Македонци слават Словени , а се оградуваат од Словенство.како и католици слават Словенска придобивка која всушност ја негираат , а заедно со Македонци кои го негираат Словенството и Словенското потекло. Јас , за себ тврдам , какао кумановец дека имам генетичка врска со египетските фараони , со нив сум роднина, а не со Александар Велики, ниту со Словените кои се доселиле на Македонските простори, оти во Ммакедонија живееле моите петци Египетски фараони , но несум Ѓуптин

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *