Почетна Анализа Свештеници на МПЦ помагаат при демоноопседнатост
Свештеници на МПЦ помагаат при демоноопседнатост

Свештеници на МПЦ помагаат при демоноопседнатост

1.59K
0

Изменет лик, темен и со енормно, дури несвојствено и нелогично искривување, испуштање на звуци, крици, па дури и говор кој не е артикулиран и не е природен за човекот, ниту, пак, за животните. Говорење на странски јазици, дури и мртви јазици, како и извикување на лоши и неморални работи. Ова се само дел од симптомите кои се појавуваат кај одредени луѓе, а за кои тие самите не се свесни дека претставуваат проблем за околината и за своите најблиски. Често ваквата состојба кај луѓето се третира како психолошки проблем, а речиси ретко кој знае дека во решавањето на ваквата состојба можат да помогнат и свештеници на Македонската православна црква-ОА.

tema 1Впрочем, според нив оваа состојба се толкува како демоноопседнатост, а настанува поради живеење во тешки гревови и по Божјо допуштање. Таа најчесто се манифестира со неприродност, наспроти природноста својствена за човекот во целост.

– Демоноопседнатоста кај луѓето е состојба на крајна духовна пропаднатост, односно кога целосно ќе го отфрлиме Бога, тогаш дозволуваме во нас и буквално да се всели демон или демони и да го запоседнат нашето битие, кое потоа се однесува по волјата на „освојувачот“. Демоноопседнатоста може да биде резултат и на гревот на предците, кој останал непокајан – објаснува свештенството.

tema 4Секако, теолозите велат дека дека постои разлика меѓу демоноопседнат и човек со психичка болест. Затоа, според нив е потребно одреден број свештеници да бидат образувани и во психологијата и психатријата, како и обратно – меѓу психијатрите и психолозите да има воцрковени луѓе.

– Најчесто луѓето го наоѓаат патот до Црквата, но исто така многу често прво се обраќаат кај разни исцелители, магионичари, бајачи, кои како слуги на нечестивиот, не само што не помагаат, туку и ја влошуваат состојбата. Црквата е единственото од Бога благословено место каде што треба да бараме помош, прибежиште, но и каде што треба да живееме духовно – нагласуваат од МПЦ.

tema 5Сепак, теолозите предупредуваат дека постојат лажни исцелители, на кои луѓето не смеат да се надеваат и кај кои не треба да одат, зашто состојбата ќе се влоши.

Со крштевањето се чисти гревот

Според теолозите, секој свештеник може да чита молитви за изгонување, кои се уште наречени Василиеви молитви. Се користи и терминот егзорцизам, што значи заколнување.

tema 3– Има свештеници, кои поради скромност и лично признание на неподготвеност, не ги читаат овие молитви. На пример, вакви егзорцистички, заколкувачки молитви, се читаат и над децата за време на крштевката, кога свештеникот го заколнува ѓаволот и неговите сили и дела да излезат и повеќе да не се враќаат во кандидатот за крштевање, кој до крштевањето е подложен на првородниот грев и последиците од него – објаснуваат теолозите.

Демоните се отпаднати ангели од Бога

Теолошкото толкување говори дека демон е назив, именување за паднат ангел, Според Светото Писмо, една третина од ангелскиот свет отпаднале од Бога, последувајќи ја страсната желба на ангелот Деница, или Статанаил, кој сакал да стане како Бога, односно гледајќи го величието Божјо, славата што Му ја оддава ангелскиот свет, овој ангел сакал да стане како Него.

tema– Но, Бог е таков по суштина, по природа, а природноста на ангелите е сосема поинаква од Творецот. Кога оваа страст го опфатила овој ангел во целост, тој отпаднал од Бога, па дури и Христос сведочи како го видел дека паѓа како молња од небото во најдолните краишта на земјата, алудирајќи на состојбата која е крајна духовна темнина. Тој повлекол, убедил и други од ангелскиот свет. Бидејќи создадени со слободна волја, Бог го почитувал нивниот избор. Кога сатаната, или уште се нарекува Луцифер, отпаднал од Бога и со себе ги повлекол во пропаст еден дел од ангелите,тогаш архистратигот Михаил станал и возвикнал пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!“ – објаснуваат теолозите.

Радмила Заревска

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *