Почетна Анализа Петте најголеми чуда во Македонија
Петте најголеми чуда во Македонија

Петте најголеми чуда во Македонија

12.83K
2

Чуда се случувале отсекогаш. Но, чуда се случуваат само доколку постои чиста и вистинска верба во Бог. Ова е објаснувањето на теолозите на сомнежите кај луѓето, за кои некои појави се необјасниви и ги сметаат за мистерии.

– Бог е оној кој прави чуда. Тој во секое време испраќа знаци до својот народ, велат свештениците.

Најголемиото чудо во Христијанската црква, до ден денес е Воскресението христово. Два милениума подоцна, науката нема одговор за ова најголемо чудо, кое денес е темел на христиајнската вера. Но и животот на Исус, но и годините подоцна запишале многу, за науката и природата необјасниви појави. Сите тие во Црквата се дефинирани како чуда. Не се непзната карактеристика, но религијата нив секогаш ги толкува како порака.

Во црквите и манастирите на Македонската православна црква-ОА се случувале многу чуда, кои се поврзани со мироточење на икони, со нивно осветлување, како и со лекување на деца и возрасни.

Иконата на Пресвета Богородица мироточи

20Верниците кои ја посетиле црквата во скопското село Трубарево вчера можеле да се уверат во веродостојноста на мироточението на иконата на „Пресвета Богородица“.
IMG_6492Еден од свештениците со памук ги допирал капките миро на иконата и им го давал на верниците да го носат дома за здравје. Тоа е последното чудо кое што беше потврдено од страна на МПЦ. Мироточење од икони имало и во минатото, но честопати за тоа во јавноста не се разговарало во јавноста во овој обем.

Сепак тоа не е непознато и за МПЦ и за останатите православни цркви.

Чисти фрески во црквата „Свети Димитириј“

Пред четири години се случи спектакуларно чистење на фреските во црквата „Свети Димитрија“ во Скопје. На нив со години се таложел чадот од свеќите и од кандилата. Но, постепено самите од себе осветлиле. На нив преовладуваат златната и црвената боја. На некои делови од фреските црвената боја е толку јака што личи како светците да крвават. Свештениците велат дека некои од иконите се стари 100 години, а некои се направени по земјотресот во 1963 година. Според историски податоци, црквата „Свети Димитрија“ постоела уште во средниот век. Во 1690 година била напуштена, а од 1886 до 1896 година била обновена, проширена и преосветена.

ikoniВо некои периоди црквата била катедрална и во неа била сместена и скопската митрополија. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на првиот поглавар на МПЦ-ОА, г.г. Доситеј, а пред неговиот надворешен источен ѕид е гробот на г.г. Ангелариј.

Лековитото масло од гробот на Гаврил Лесновски

lesnovoЧудо се случило кога малата Лора од Кочани повторно проодела по молитвата и помазување со маслото од гробот на епископот Гаврил Светогорец. Нејзините родители биле изнемоштени од нападите и болките кои ги имала нивната ќерка. Дошле во манастирот барајќи ја последната надеж.

Гробот на епископот Гаврил Светогорец се наоѓа зад плаштаницата во црквата. Тоа место сега е најбарано од посетителите. Веднаш до гробот на отец Гаврил се наоѓа и гробот на неговиот татко, отец Кирил, кој по смртта на мајката на Гаврил дошол во црквата и се замонашил заедно со синот. Отец Гаврил станал духовен отец на својот биолошки татко.

Иконата на свети Јован во Бигорскиот манастир

ikona bigorskiЗа иконата на свети Јован се говори дека лебдела над изворот со вода, каде што сега се наоѓаат трите чешми во Бигорскиот манастир. Овој манастир неколкупати бил оштетуван, но таа икона никогаш не била оштетувана.

Зрачејќи на влезот во храмот, во сребрен, сјаен оков и преукрасена со дарови од благодарност, поради многубројните чуда, иконата, како непресушен исвор, излева благодат која чудотвори.

Секој дар крие вистинита приказна  зад себе. Бројните сребрени медалјони во облик на бебе сведочат дека Свети Јован израдувал многу бездетни родители, дарувајќи им деца.

Чудата на Свети Наум

Најпознато чудо, од многуте, кое и денес се раскажува меѓу народот, запишано и од страна на Кузман Шапкарев, е приказната за волот и мечката, настан овековечен на фреската во охридскиот манастир посветен на Свети Наум.

Една мечка се намерачила на волот на слугата што го орал вакавскиот (манастирски) имот и го изела. Човекот се пожалил на Свети Наум и овој за кратко време ја нашол мечката и за уште пократко, ја припитомол. Па, ја спрегнал за казна заедно со волот три години да ора.

sveti naum 2Меѓу месното население и денес се прикажува дека ни брод, ниту автобус не тргнува ако во него има крадец. Тоа најчесто се обистинува на денот на Свети Наум, верскиот празник 2 јули кога во манастирот се врши служба, се собираат верници, луѓето за здравје преспиваат во црквата…

За овој манастир се врзани многу настани кои се дефинираат како чуда. Едно од нив е патот на семејството Јајчар од пред осумдесет и неколку лета господови. Еден настан, едено дете од тој трети Јули засекогаш ќе ја зацврсти вербата во православното македонско христијанство.

Потекнувале од Охрид, ама животните патишта ги преселиле на другата страна од границата, во албански Поградец. Иако биле во друга држава, не заборавиле на традицијата и празникот посветен на чудотворецот.

Сведоштвата за Наум Јајчар ги има во црковните книги за чудата на Св Наум Охридски. Наум Јајчар сам го раскажувал своето чудо.

sveti naumНаум бил болен, но тоа не го спречило неговото семејство да замине во манастир. Со сите роднини и тој тргнал на панаѓур. Биле лоши времиња, границата тешко се минувала. Но семеството Јајчар успеало да статса до храмот на чудотворецот. До неговата пет годишна возраст друго било неговото име. Бил крстен како Михаил, ама тој ден се променило се па и неговото име. Го добил вели од светецот кој го вратил во живот. Наум Јајчар е чудото кое живее. Благодарен е за вториот живот, а вербата во бога и моќта на светците нема да ја заборави.

 

Коментар(2)

  1. Убаво е тоа што ги спомнувате петте најголеми црковни чуда што се случуваат во Македонија , но не го спомнувате и најголемото, а тоа може да биде и како прво најголемо чудо и тоа не само за Ммакедонија туку и пошироко,како вселенско чудо , на кое верувам дека ревносните верници се крстата и со лева и со десна рака, коге ке се спомне тоа чудо, а тоа е навистина за чудење сто се случува во Македонија, а на вас не ви паѓа на памет да го споменете, атое навистина чудо кое се случува почесто во Македонија, а тое судењето на еден ,од сите во православниот свет признаен архиепископ, Охридски г.г.Јван Вранишковски. Ретко кој во православниот свет нама да се зачуди кога ќе слушне дека е тоа мошно да се случува, а поготово во една библиска земја како сто е Ммакедонија. Сите знаат дека е тоа политичко судење и нака да останат рамнодушни натоа , да се на некого суди поради верски убедувања и неверување во една црква , во која верива државата.Додуше и на Сократ му се судело зе една од вините дека не верувал во боговите во кои верува државата . Исто така и Вранишковски , не верува и наја цени црквата која е државна и која е створена од политички причини и цели. Навистина тоа би можело да послужи и какао прво или пак шесто важно чудо во Македонија.

  2. Добро се потпишал коментаторот Аристид. И многу слично на некои Грци кои верата си ја помешале со националната самоидентификација, го зема за пример Сократ, чија „мудрост“ христијанството одамна ја надживеало и наполно ја отфрлило. И самиот Сократ ја отфрлил својата суетна и плотска мудрост пред да умре, затоа што ги видел многубројните демони околу својата смртна постела. Денес можете да сретнете во некои грчки храмови насликани фреси на мудреци од времето на паганска Грција (самопосведочени хомосексуалци) со ореоли на главите. Денес и православното христијанство не е под толку силно влијание на грчката црковна уметност и литература (како до пред неколку години), иако с уште во некои предели многу нејзини „вистини“ се прифаќаат здраво за готово. Се разбира, најмногу благодарение на почитта кон Света Гора и на големата мисија пред сѐ на Царградската Патријаршија во дијаспората. Благодарение на политичкото отфрлање на грчката држава на комунизмот по Втората светска војна Православието живеело непречно и најслободно во Грција и на американскиот и австралискиот континент. Но тоа ги вовлече некои луѓе, инаку ревносни православни христијани, подоцна во таа гркофилска ерес, во увереноста дека сѐ што е грчко е свето и дека сѐ што е свето е во некоја рака грчко. Еден од нив е за жал Јован Вранишковски – човек кој стана играчка во рацете на некои авторитетни луѓе со неблагонаклони ставови кон самостојноста на Македонската Православна Црква и на самото постоење на македонскиот народ. Значи, што беше твојата поента Аристиде? Кои се придобивките за македонскиот православен народ од активностите на Вранишковски? Или на самото Православие? Или на Македонската Православна Црква? Или за единството на Православието? Нема.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *