Почетна Вести Рускиот Крст во Лешок ќе сведочи за македонскиот мир на руските монаси
Рускиот Крст во Лешок ќе сведочи за македонскиот мир на руските монаси

Рускиот Крст во Лешок ќе сведочи за македонскиот мир на руските монаси

868
0

Мермерниот руски крст, карактеристичен за „Вааламскиот манастир“ во Русија од денеска ќе сведочи за благодарноста на Руската православна црква кон Македонија и кон Лешочкиот манастир на МПЦ, како кон место каде прибежиште и безбедност нашле 35 монаси од „Вааламскиот манастир“ во налетот на прогонот на Црквата од Комунистите по Октомвриската револуција.

4AКрстот го освети Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан заедно со надлежниот митрополит тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополит дебарско-кичевски г. Тимотеј, брегалничкиот митрополит г. Иларион, како и повеќе други свештенослужители од МПЦ

8Во Лешок денеска беше и Игуменот Методиј од „Валаамскиот манастир“, кој по потекло е од Македонија. Заедно со него беа и уште неколку претставници на Руската Православна Црква. Во Лешок на осветувањето беше и амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак, како и ректорот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски, кој е истовремено и почесен конзул на Руската Федерација во Охрид.

– Лешочкикот манастир беше прв кој ги прими духовните браќа од Русија во 1926 година. Токму одовде тие се населија по манастирите во различни делови низ Македонија каде започнаа активна подвижничка дејност насочена за обновување на монаштвото во Македонија. Потоа кон нив се приклучија и многу други руски монаси и монахини  дојдени од Света Гора. За жал точната бројка на монаси не е позната, но фактот е дека во скоро секој македонски манастир има гробови на руски монаси, рече амбасадорот Шчербак.

10Тој истакна дека во Русија многу се благодарни на народот на Македонија за милосрдната гостопримливост со која тука се  однесуваа кон руските луѓе и монаси кои беа принудени да ја напуштат својата татковина во тие години навистина тешки за православието.

Присуството на и делегација од Валаанскиот манастир, според Шчербак е јасен и цврст доказ дека тие руски монаси не се заборавени во родниот дом каде се сеќаваат на своите синови и ќерки и им оддаваат почит.

Се заблагодари и на великодостојниците на МПЦ за нивната поддршка за овој проект кој, како што рече, ја потврдува нераскинливата духовна врска меѓу нашите два православни народи.

17Архиепископот Стефан, пак, потеницраше дека овој крст изработен според образот од крстот на Валаамскиот манастир е значаен од повеќе причини.

– Овој крст овде е дар, споменик за оние богољубиви души кои прогонети од местото на своето телесно и духовно раѓање од местото на своето потстрижение од својот возљубен дом стигнале овде во овој свет манастир, но и низ многу светињи во Македонија и на Балканот, како и во други земји и континенти. Историјата посведочила, но тоа го потврдуваат записите и надгробните плочи и манастирските патерикони и истражувачите дека по Октомвриската револуција во Русија многуброен побожен руски народ и духовништво биле принудени да емигрираат надвор од Рујсија, а многумина од нив го дале својот живот и маченички пострадале за вистината за Христа. Меѓу нив биле и многуте браќа од Валаанскиот манастир кои директно го почувствувале духот на апокалиптичното време, рече г.г. Стефан.

6Тој додаде дека со овој крст, на овој благословен духовен македонски простор како да му додаваме уште едно светилиште да сведочи покрај многуте други за нашата вистина, за нашето православно минато и за нашето место меѓу другите православни народи.

– Со поставувањето на овој свет крст на прогонетите валаамци веруваме им го исполнуваме копнежот како да им го донесовме Валаам тука пренесувајќи дел од нивниот дом овде каде што тие поживеја и се упокоија. Па така овој крст нека биде надеж за ова свето место чии лузни сведочат и за многуте претрпени страдања, угнетувања, уривања. Ние христијаните немаме со што да се фалиме освен со крст на нашиот господ, истакна г.г.Стефан.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *