Почетна Вести Блесна македонската икона во црквата во Назарет
Блесна македонската икона во црквата во Назарет

Блесна македонската икона во црквата во Назарет

2.04K
0

Од денеска во базиликата на Свето Благовештение во Назарет во Израел се наоѓа икона со ликот на Пресвета Богородица како спомен обележје од Македонија. Ја постави македонската делегација предводена од заменик министерот за Култура, Драган Недељковиќ и амбасадорот на Македонија во Израел Пајо Авировиќ.

Иконата, во форма на мозаик е поставена во просторот каде се наоѓаат спомен обележја од речиси сите држави во светот и православни и католички.

Спомен обележјето при поставувањето го осветиле двајца свештеници на МПЦ од Скопската Епархија. На иконата е претставена реплика од познатата икона од Манастирот во Зрзе, „Св.Богородица пелагониста“.

Како, што веќе објави „Религија.мк“ иницијативата за поставувањето на ова спомен обележје е на Туристичката комора на Македонија, а за поставувањето на иконата мозаик, согласност и благослов дала и Македонската православна црква, преку Архиепископот охридски и македонски, г.г Стефан.

Македонската делегација утре во најголемиот музеј на холокаустот ќе положи цвеќе во спомен на жртвите од холокаустото.

Инаку, во најавата за поставувањето на спомен плочата „религија.мк“ објави дека таа ќе биде поставена во Ерусалим. Станува збор за грешка на редакцијата. Им се извинуваме на читателите. Спомен иконата е поиставена во црквата во Назарет.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *