Почетна Вести МПЦ го одликува со орден од прв ред монахот Методиј од Валламскиот манастир
МПЦ го одликува со орден од прв ред монахот Методиј од Валламскиот манастир

МПЦ го одликува со орден од прв ред монахот Методиј од Валламскиот манастир

1.22K
0

Синод на Македонската православна црква го одликувала Високопреподобниот игуменот Методиј(ПЕТРОВ) од „Спасо-Преображенскиот Вааламски манастир“  од Русија, со Орден на „Свети Климент Охридски од прв ред“. МПЦ орденот му го доделила за неговиот придонес во зацврстувањето на духовните врски меѓу Руската и Македонската православна црква и промовирањето на духовната култура меѓу македонскиот и рускиот православен народ.

2Орденот на Отец Методиј, кој по потекло е од Македонија му бил врачен денеска во Лешочкиот Манастир каде беше осветен Крстот дониран од Русија во спомен на 35 руски монаси кои живееле во манастирот.

Синодот на МПЦ го одликувала и Андреј Николаевич Деменко со Орден на „Свети Климент Охридски од трет ред“ за неговата поддршка на македонските православни светињи и промовирањето на православните вредности, како и продлабочувањето на духовните врски меѓу македонскиот и рускиот православен народ.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *