Почетна Вести И Владиката Иларион застана до Архимандритот Гаврил
Gavril i Ilarion naslovna

И Владиката Иларион застана до Архимандритот Гаврил

5.91K
1

Поддршка на Архимандритот и игумен, Гаврил му даде и монашкото братство на „Лесновскиот манастир„ заедно со Игуменот Дамаскин.

Истовремено на страна на Игуменот Гаврил застана и уште еден Архиереј на МПЦ.

Владиката Брегалнички Иларион денеска бил домаќин на Отец Гаврил и на неговиот именден, на празникот на „Свети Гаврил Лесновски“, заеднички служеле во црквата во Манастирот во Лесново.

Според информациите на „Религија.мк“ од верници кои биле на службата, сите присутни му искажале неверојатна почит на Игуменот Гаврил, осудувајќи ги постапките на Митрополитот Петар за нападите кон него.

По вчерашната порака што Митрополитите тетовско-гостиварски Јосиф и Кумановско-осоговки Јосиф, му ја испратија на Владиката Петар, денеска таква порака испраќа уште еден Владика на МПЦ.

Македонските архиереи, свештеници и монаси се решени да не дозволат Владиката Петар да ја реализира одлуката за расчинување на Отец Гаврил.

Коментар(1)

  1. Го молам светиот синод на МПЦ еднаш за секогаш да не раатиса од владиката Петар. Поради неговите нереални и неостварени амбиции ја злоупотребува положбата на владика и ги малтретира како верниците така и своите колеги свештеници. Тој требе да свати дека никогаш во својот живот нема да застане на местото на Дедо Стефан и дека никој не го сака во МПЦ, како верниците така и свештенството. За да бидеш голем човек пред се требе да бидеш чесен човек и да не те заслепуваат нереалните амбиции и истите да те наведуваат на грев. За да бидеш голем човек требе да дозволиш другите да судат за твоите постапки а не нереално да се наметнуваш со арогантно и агресивно однесување. За да бидеш голем човек пред се требе да бидеш човекољубец а не човекомрзец. Незнам дало владиката Петар има капацитет и разум да го разбере тоа.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *