Почетна Вести Заврши Соборот на Крит – во неединство како и што почна!

Заврши Соборот на Крит – во неединство како и што почна!

517
0

Со заедничка литургија на десетте поглавари на православните цркви кои учествуваа на Светиот и Голем Собор на Крит, денеска за празникот „Сите Светии“, заврши работата на историскиот Собор, кој ќе остане запаметен по отвореното неединство и бојкот во кој беше спроведен. Иако беа поканети поглаварите на Руската, Грузската, Антиохиската и Бугарската Патријаршија за денешната литургија, со цел да се демонстрира единството на Православната црква, тие одбија да учествуваат. Нивен став е дека нема да ги прифатат ниту заклучоците од овој Собор

Соборот ги усвои сите точки од дневниот ред, со мали измени во некои од нив, сепак клучната забелешка која се однесуваше на точката за односот на православната црква со останатиот христијански свет, останува во текстот. Зборот Црква се користи и за останатите хрисијански цркви, иако на негово бришење инсистираше Грчката црква.

Според најавите идејата е вакви Собори да се организираат на 5 или на 10 години

Погледнете ја галеријата:

Заклучоците од Соборот во текот на денот

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *