Почетна Вести Православната црква го осуди религискиот фундаментализам, повикува на трезвен дијалог за мир во светот
Православната црква го осуди религискиот фундаментализам, повикува на трезвен дијалог за мир во светот

Православната црква го осуди религискиот фундаментализам, повикува на трезвен дијалог за мир во светот

719
0

Соборот на Православната црква на Крит ги осуди сите форми на фундаментализам кои се појавуваат кај сите религии. Православните епископи во заклучоците од посланието насловено „До Православните и секој човек со добра воља“  пишуваат дека фундаментализмот претставува израз на нездрава религиозност.

-Трезвен меѓурелигиски дијалог значително помага за зајакнувањето на меѓусебната доверба, мирот и добрите односи. Елејот на религиозното искуство треба да биде искористен за бришење на раните, не за палење на воени конфликти. Православната Црква решително го осудува ваквиот развој на воено насилство, прогоните, и убиствата на претставници на верските малцинства, принудните промени на вероисповеста, трговијата со бегалци, киднапирањата на луѓе, тортура и ужасната егзекуции. Православната црква го осудува уништувањето на храмови, религиозни симболи и споменици на културата, стои во посланието од Православните епископи.

Православната црква е особено загрижена поради ситуацијата на Христијаните и другите прогонувани етнички и верски малцинства во Блискиот Исток и во другите региони на светот. Црквата се обраќа кон меѓународната заедница со повик да бидат заштитени православните и сите други христијани, како и другите групи од населението на овој регион, потенцирајќи го неотуѓивото право да престојуваат во својата татковина во својство на рамноправни граѓани.

-Нашиот Собор ги повикува сите страни на итни и систематски напори за прекин на воените конфликти на Блискиот Исток и секаде каде што продолжуваат воени судири, за да биде потпомогнато враќањето на сите протерани луѓе во нивните родни места. Се обраќаме пред се кон најсилните во овој свет, за да помогнат во возвишувањето  на мирот и правдата во родните земји на бегалците. Ги повикуваме политичките власти, граѓаните и православните верници во земјите во кои наоѓаат прибежиште понижените бегалци да продолжат да им помагаат со целата сила и енергија, стои во еден од заклучоците на Соборот од Крит.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *