Почетна Вести Заврши летниот црковен камп на Бигорски
а-24
а-23
а-22
а-20
а-17
а-16
а-12
а-11
а-10
а-9
а-8
а-7
а-6
а-5
а-4
а-3
а-2
а-1

Заврши летниот црковен камп на Бигорски

249
0

Бигорската обител, сестринството од Рајчица и братството од Бигорски завршија уште еден успешен летен црковен камп. Повеќе од 200 дечиња поминаа низ седумте смени во манастирите, каде освен за верата учеа и активно учествуваа во секојдневието на монасите и монахињите. Неодамна заврши и последниот седми црковен летен камп, во кој беа деца од Гостивар и Прилеп

-Животот навистина може да биде поубав, порадосен, поспокоен, поведар  кога во наша близина се најмладите, кои со својата боголика, чиста и весела душа можат нашите мигови да ги исполнат со неизмерно богата духовна содржина. Нивната непосредна љубов, топлина, кроткост и незлобливост насекаде внесуваат сосема поинаква атмосфера – токму онаква во каква што секој од нас посакува да пребива: атмосфера на безгрижност, среде грижите од овој свет, парче од земниот рај во кое сите ние, заедно со децата, навистина можеме поодблизу и поедноставно да Го запознаеме Бога и барем во мала мера да ја почувствуваме атмосферата на небесниот Рај. Ете, богоглаголивите усти на децата сами зборуваат, нивните чисти срца пеат, нивните благословени раце пишуваат дека овде, во манастирите, привлечно им е сè: и богослужението, и Светите таинства, и разговорите, и учењето, и дворот, градината, кујната, прошетките, па дури и чистењето – за нив сè претставува небесно искуство, велат од Бигорскиот манастир.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *