
Амбасадорот на Руската федерација бил посета на Исламската верска заедница и имал средба со Поглаварот на ИВЗ Сулејман Реџепи. Олег Шчербак е првиот руски амбасадор, кој во независна Македонија бил во посета на седиштето на Ријасетот на ИВЗ и имал средба со еден поглавар на ИВЗ.
Од кабинетот на поглаварот Реџепи информираат дека амбасадорот Шчербак бил директно запознаен со тежината и улогата што ИВЗ ја има во општеството, како и запознаен со различните активностите во аспект на унапредување на исламскиот верски живот и постојаниот придонес што ова верска институција го дава во создавање услови за меѓуверски и меѓунационален соживот.
Реисот Реџепи и Амбасадорот Шчербак зборувале и за првната и општествената положба на верските заедници во Македонија.
Рускиот амбасадор се интересирал за ставот и проценките на Поглаварот Реџепи околу радикализмот и тероризмот. По ова високиот гостин, како што информираат од ИВЗ, изразил интерес и за системот на школување-образование во Македонија.
Од ИВЗ велат дека Поглаварот Реџепи дал детално објаснување за прашањата што го интересирале рускиот дипломат, а Шчербак бил многу задоволен од многу искрените ставови и елаборацијата за овие прашања од страна на Поглаварот Реџепи.
На крај двете страни изразиле заеднички интерес за интензивирање на меѓусебната соработка.