Првите реакции во Србија за идејата на владата, заедно со СПЦ да основаат нов државен Универзитет Свети Сава, се дека станува збор за смислена ко куренција на Универзитетот во Белград, кој изминативе години е извор на отпорот против режимот на српскиот претседател Александр Вучиќ.
-Униветрзитетот, кој постои уште од 1808 година, поради што Универзитетот во Белград важи за најстара и најголема државна високообразовна установа, но се чини дека му се насмевнува конкуренција. Свети Сава нема само химна. По него е именуван и најголемиот српски православен храм во Белград. Неговото име ќе го носи и универзитетот – кој планираат да го основаат државата и Српската православна црква, пишува Н1.
Иако во образложението на владата стои дека „Овој универзитет се основа со намера соработката меѓу државата и Српската православна црква во областа на високото образование да биде заснована на заедничка одговорност за развојот на знаењето, зачувувањето на темелните вредности на поединецот и општеството и негувањето на културното и духовното наследство, српската универзитетска јавност посочува дека тоа е само параван за уништување на државниот универзитет во Белград.
Сето ова што е наведено во соопштението на Владата е далеку од вистината, оценува теологот Вукашин Милиќевиќ, кој вели дека соработката меѓу државата и Црквата околу основањето на нов универзитет има една цел.
„Државата сака да го разори универзитетот. Како Српската православна црква се однесува кон знаењето покажа на примерот со својот однос кон високообразовната установа што целосно ја узурпираше спротивно на сопствените интереси, станува збор за Православниот богословски факултет“, изјави теологот Милиќевиќ.
Н1 потсетува на неколку изјави на српските власти за тоа како државата се однесува кон универзитетот, што укажува и на намерата за оваа цел.
„Речиси сум на работ да кажам: ‘Моја препорака е да одите на приватни факултети’“, вели Милош Вучевиќ.
„Не ги запишувајте децата на блокирачките факултети, затоа што ќе ви ги вратат како што ја вратија оваа девојка од Шабац – во ковчег“, изјави Дарко Глишиќ.
И додека водат чести кампања против државните универзитети – државата создава паралелни. И тоа, професорката на Филозофскиот факултет Јелена Врањешевиќ вели дека не ја изненадува.
„Јас ова го гледам повторно како обид Универзитетот да се распарчи, како што се и српските студии во Ниш – факултетот за српски студии, исто така се зборува дека Филозофскиот факултет би можел да се претвори во два или три факултети, и ова го гледам како обид Универзитетот да се разедини“, објаснува професорката на Филозофскиот факултет Јелена Врањешевиќ.

