Новиот Грузиски патријарх ќе биде избран 40 дена по смртта на претходниот Илија, одлучил Синодот на Грузиската црква. Митрополитот Иларион од Местија и Горна Сванетија изјавил дека на вчерашната седница на Светиот синод биле разгледани процедурални и организациски прашања.
Одговарајќи на прашањето за евентуални промени во условите за кандидатите што ќе бидат во потесниот избор, митрополитот Иларион изјави дека засега нема промени во однос на возраста на кандидатите. Во исто време, прашањата поврзани со образованието не биле разгледувани на денешната седница.
Митрополитот Иларион дополнително објасни дека проширената седница на Грузиската православна црква ќе се одржи во катедралата „Самеба“ (Света Троица).
Седницата на Светиот синод, на која ќе се избираат кандидати за патријарх, ќе се одржи 40 дена по смртта на католикос-патријархот. Светиот синод ќе предложи тројца кандидати на проширената седница. Датумот ќе биде утврден на следната седница на Светиот синод.

