Почетна Вести Втор ден блокиран Синодот на БПЦ
Втор ден блокиран Синодот на БПЦ

Втор ден блокиран Синодот на БПЦ

323
0

Синодот на Бугарската православна црква исправен пред сериозен предизвик. Поделеноста на владиците и денеска го блокираше одржувањето на синодската седница. Втор ден по ред Архиереите на БПЦ кои бараат санкции за контроверзниот Архимандрит Дионисиј не можат да соберат кворум за почеток на синодската седница.

sinod bpc 4Поддржувачите на Дионисиј ја опструираат работата на највисокото црковно тело на БПЦ и денеска не се појавија на седница.

Седницата е презакажана за утре, но според најавите истото сценарио може пак да се повтори.

Архимандритот Дионисиј изјавил дека не сака да дава прогнози, но како духовник е должен да го почитува решението на Синодот на БПЦ.sinod bpc 3

Свештениците од храмот „Св. Александар Невски“ во Софија и верници на БПЦ побараа санкции за Архимандритот кој го обвинуваат за нецрковни постапки.

Вчера пред Синодалната палата на БПЦ беа одржани и протести „Против“, но и „За“ Архимандритот на БПЦ. Противниците го обвинуваат дека го руши угледот црквата, додека пак неговите поддржувачи сметаат дека тој е достоинствен претставник на Црквата.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *