Водици одбележани и кај католиците од византиски обред во Македонија

Date:

Share post:

Верниците на Католичката црква од Византиски обред го одбележаа Богојавление – Водици во црквата „Раѓање на Свети Иван Крстител“ во Струмица.

Литургија и богојавленски водосвет служеше Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов во сослужение со Апостолскиот нунциј во Македонија, монсињор Лучано Суриани.

Епископот Стојанов, ја истакна древната важност на празникот Богојавление како првично единствен празник што по Велигден бил најзначаен во раното христијанство, бидејќи во себе ја содржи „објавата“ на Бога во Исус Христос.

-Епископот подвлече дека крштението е таинство на очистување и преродување, во кое човекот се раѓа за нов живот во Христос и во него останува неизбришлив духовен белег на припадност кон Спасителот. Осврнувајќи се на објавата на Пресвета Троица при крштението, епископот посочи дека христијанската вера е конкретен однос со личниот Бог: Отецот, Синот и Светиот Дух, каде што човечкото „јас“ се среќава со Божјото „Јас“, пишува порталот Католици.мк

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img