РТ-Балкан: Што му ветил Вартоломеј на црногорскиот митрополит Амфилохије?

Date:

Share post:

Раша Тудеј Балкан посвети сериозна анализа за црковните случувања во Црна Гора, по неодамнешната изјава на руското надворешно разузнавање, дека Вартоломеј подготвува автокефалност во Цркна Гора. РТ-Балкан прави историски контекст на случувањата, а насловот на анализата е „Што му ветил патријархот Вартоломеј на митрополитот Амфилохиј?“ Во текстот се цитирани цитира делови од две писма, кои Вартоломеј во 2000 и 2019 година му ги испратил на тогашниот претседател на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, во кои стои: „во Црна Гора канонски православен епископ, од сите православни цркви, како единствен признат е митрополитот црногорско-приморски Амфилохиј“. И „дека Вселенската патријаршија, заедно со сите други православни цркви, како единствена канонска православна јурисдикција во Црна Гора ја признава онаа под надлежност на митрополитот црногорски Амфилохиј, јерарх на најсветата Црква на Србија (Црква на Србија). Во тој контекст РТ Балкан забележува:

„Единствениот канонски епископ во Црна Гора, како што во двете писма Вартоломеј го ословуваше митрополитот Амфилохиј – се упокои во 2020 година. Другите канонски епископи на Српската православна црква во Црна Гора – будимљанско-никшиќкиот, милешевскиот и захумско-херцеговачкиот, чии епархии се простираат и на оваа држава, патријархот Вартоломеј не ги спомнуваше. Своевремено, во 2016 година, патријархот Вартоломеј како единствен канонски епископ во Украина го признаваше митрополитот Онуфриј, поглавар на Украинската православна црква, што Онуфриј, според ставот на голем дел од православните цркви, вклучително и Српската православна црква, до денес и е. Три години по таа изјава, патријархот Вартоломеј ѝ даде автокефалност на ‘Православната црква на Украина.  Цариградскиот патријарх во последно време Српската православна црква сè почесто ја нарекува ‘Црква на Србија’, веројатно сакајќи да ѝ укаже на кои граници мајчински ѝ ги наменил. За Цариград, автокефалноста на Српската православна црква не трае осум векови; патријархот Вартоломеј автокефалноста на Српската црква ѝ ја ‘признава’ од 1879 година, пишува во текстот на РТ – Балкан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img