Почетна Анализа Во овие шест држави живеат најмногу атеисти
Во овие шест држави живеат најмногу атеисти

Во овие шест држави живеат најмногу атеисти

553
0

Каде живеат најмногу атеисти?

Бројот на верници е во опаѓање во целиот свет. За прв пат во Норвешка бројот на оние кои не веруваат во Бог го надминува бројот на верниците.

И во САД се бележи се поголем пад на верниците, што се потврдува и со едно неодамнешно истражување кои покажало дека во последните 25 години бројот на атеистите се зголемил двојно, а бројот на оние што повеќе не се молат се зголемил за пет пати.

Според истражувањето на Галуп, во продолжение прочитајте во кои земји живеат најмногу атеисти (освен во Норвешка):

Кина

Меѓу 40 и 49,9 отсто од населението во Кина се сметаат за атеисти. Комунистичката партија е на власт од 1949 година, а религиските движења биле на удар од властите во текот на 27 годишното владеење на Мао Це Тунг.

Јапонија

Околу 30 отсто од Јапонците за себе велат дека се „уверени атеисти“. Религијата во Јапонија со векови е центрирана околу шинтоизмот, кој не го познава концептот на „сеприсутен Бог“.

Чешка

Заедно со Норвешка, Чешка е една од најатеистичките земји со 30 до 39 отсто атеисти. Се претпоставува дека слабата поддршка на традиционалните црковни религии се последица на јакиот национализам во 19 и 20 век.

Франција

Најмалку една петтина од Французите не веруваат во Бог. Слично како и Кина, Франција во своето минато барала начини како да го намали влијанието на религиските институции.

Австралија

Во Австралија живеат меѓу 10 и 19 отсто атеисти, иако земјата има долга традиција на секуларно владеење.

Исланд

Иако многу Исланѓани се сметаат за Лутеранци, мал број од жителите ја практикуваат религијата, а остатокот од нив се сметаат за атеисти.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *