Почетна Вера МПЦ-ОА Во Каменица светиот крст во рацете на Игор Маринковски
Во Каменица светиот крст во рацете на Игор Маринковски

Во Каменица светиот крст во рацете на Игор Маринковски

33
0

Иван Маринковски од Македонска Каменица денеска беше најсреќниот кој го извади чесниот крст од водите на Каменичка Река во рамки на одбележувањето на христијанскиот празник Богојавление – Водици.

Традиционално, светиот крст за Водици, во Македонска Каменица беше спуштен во водите на Каменичка Река, во непосредна близина на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

-Најголема среќа меѓу сите што скокаа по крстот, денес имаше Игор Маринковски од Македонска Каменица, а од Општината дпби златник и пригодни подароци, истакна градоначалникот Димчо Атанасовски кој на Маринковски му посака добро здравје и многу успех во Новата година.

Денешното одбележување на Водици го проследија стотици граѓани од Македонска Каменица, а на самиот чин на фелањето на светиот крст учествуваа дваесетина учесници.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *