Почетна Вести Во Делчево волонтерска акција за обновување на инвентарот во манастирот „Св. Богородица“
Во Делчево волонтерска акција за обновување на инвентарот во манастирот „Св. Богородица“

Во Делчево волонтерска акција за обновување на инвентарот во манастирот „Св. Богородица“

184
0

delcevo manastir 2Волонтерите од делчевскиот Младинскиот совет, покажаа на дело како со креативна идеја и со малку средства, може да се придонесе за подобра грижа кон заедничките добра и да се зајакне свеста за максимално искористување на јавните простори во заедницата. Тие со волонтерска акција  ги обновуваа клупите и масите на познатото излетничко место во Делчево, манастирот „Св. Богородица“, истчен петок – Балаклија, кој е на две километри од Делчево и каде инвентарот што сите го користат е целосно уништен.

– Оваа акција ја инициравме, бидејќи овој манастирскиот комплекс е познат за Делчево, тука има прекрасен спој на природата и духовното, доаѓаат многу гости и ние како  млади секое слободно време го поминуваме тука. Но, состојбата со клупите, масите, кои сите ги користиме е навистина очајна, па сакаме даја промениме оваа слика, рече Дарко Тодоровски,член на локалниот младински совет.

Оваа волонтерска акција се спроведува од страна на локалниот младински совет во Општина Делчево во соработка со Младинскиот образовен форум и е во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско општество.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *