Почетна Вести Во борбата против радикалите, Париз ќе промовира француски ислам додека ги затвора радикалните џамии
Во борбата против радикалите, Париз ќе промовира француски ислам додека ги затвора радикалните џамии

Во борбата против радикалите, Париз ќе промовира француски ислам додека ги затвора радикалните џамии

91
0

Во рамките на борбата против ширењето на радикалниот ислам француската влада во изминатите неколку дена затвори дваесетина џамии и издаде налози за протерување од земјата за 80 имами со странско државјанство. Министерот за внатрешни работи, Бернар Kазнев, објасни дека тие верски лидери проповедале екстремизам и дека во Франција нема место за оние што повикуваат на омраза и најави затворање уште неколку џамии. Истовремено, Париз се обидува да оствари поцврсти врски со својата муслиманска заедница која брои 1,4 милион припадници, па за октомври го најави почетокот со работа на фондацијата „Француски ислам“, која ќе ги промовира вредностите и законите на републиката, а особено секуларизмот. Kазнев на средбата со разните исламски и парламентарни групи објасни дека оваа институција ќе ги промовира силата и мирот на францускиот ислам.

– Од фондацијата ќе се финансираат исламски културни центри и стипендии за докторанди и студенти на исламски студии. И финансирањето на џамиите ќе стане целосно транспарентно – нагласи Kазнев.

francija islam 2Пред една недела францускиот премиер Мануел Валс предупреди дека мора да се прекине приливот на пари од странство за џамиите и исламските училишта. Владата планира и посебна обука за имамите и муслиманските свештеници што работат во затворите. Целта, според официјалното објаснување, е Франција да добие доволно теолози со високо образование кои ќе го проповедаат исламот во согласност со републиканските вредности и ќе можат компетентно да им се спротивстават на радикалните проповеди што кружат на интернет.

Уште од 2000 година сите француски влади безуспешно се обидуваа да создадат институција која по примерот на сличните католички и еврејски фондации ќе придонесува за унапредување на културните врски со верските заедници. Владата во Париз смета дека е неопходно итно да се воспостави ваква институција, особено во контекст на војната против тероризмот, како начин да им се спротивстават на исламистите што повикуваат на насилство, омраза и на отфрлање на законите на републиката. Меѓутоа, уште на самиот почеток се јавија полемички тонови.

За претседател на фондацијата е назначен Жан-Пјер Шевенмон, кој неодамна им порача на муслиманите да ги изведуваат своите молитвени ритуали на дискретен начин имајќи ги предвид тензиите во Франција предизвикани од терористичките напади. Тој подоцна појасни дека неговата препорака се однесувала на верниците од сите вероисповеди и дека е тоа во согласност со Франција како граѓанска држава, но штетата веќе беше направена. Многумина реагираа осудувајќи ги неговите коментари кои внесуваат дополнителна забуна.

Kритичарите истакнуваат дека сe позачестени се примерите на дискриминација на луѓето со исламската вероисповед, па така во неколку кварта во Париз сопствениците на барови и кафеани одбиваат да ги услужат муслиманите. Но Kазнев го брани Шевенмон како одличен познавач на исламот кој истовремено упорно ги брани републиканските вредности. Тој застапувал умерена линија и во неодамнешната жестока дебата за забраната на буркините на азурниот брег.

– Правно гледано не може да се забрани носењето каква било облека, но жените што носат буркини имаат проблем со интеграцијата во француското општество – рече Шевенмон, но многу организации за заштита на човековите права и слободи не се сложуваат со неговото мислење.

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *