Почетна Вести Британец ја разгоре дебатата на интернет: Муслиманките не се проблем, луѓето во костуми нѐ уништуваат!
Британец ја разгоре дебатата на интернет: Муслиманките не се проблем, луѓето во костуми нѐ уништуваат!

Британец ја разгоре дебатата на интернет: Муслиманките не се проблем, луѓето во костуми нѐ уништуваат!

85
0

Фотографијата на која полицајци принудуваат жена-муслиманка да го соблече буркинито на плажа на француската ривиера иницираше лавина од различни коментари. Сепак, еден краток коментар на човек од Велика Британија покажа колку таа расправа, од негов аспект, е апсурдна.

burkini plaza 3Хенри Стјуарт, читател на британски Гардијан и го испратил на редакцијата своето мислење на темата буркини, кое многу брзо стана хит на социјалните мрежи. Хенри верува дека буркинито само по себе не е опасно, но како што вели, „ако веќе им кажуваме на луѓето што треба да носат, тогаш можеби би требало да ги забраниме костумите“.

-Ниедна жена во бурка (ниту во хиџаб или буркини) никогаш не ми наштетила на кој било начин. Но, без објаснување, ме отпушти маж во костум. Луѓе во костуми ми продаваа лажни пензиски осигурувања и ме чинеа илјадници фунти. Луѓето во костуми не одведоа до катастрофи и нелегална војна. Луѓето во костуми кои ги водат банките ја доведоа светската економија до колапс. Потоа други луѓе во костуми со одлуката да се штеди ја зголемија бедата на милиони други луѓе. Ако почнуваме да им кажуваме на луѓето што да носат, тогаш можеби треба да ги забраниме костумите“, пишува Хенри.

Коментарот ги собра симпатиите на Фејсбук и Твитер, а набрзо по објавувањето илјадници луѓе го споделија на своите профили на социјалните мрежи.

/МКД

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *