Почетна Вести Христијанство Владиката Пимен одговори на нападите – Што порача?
Владиката Пимен одговори на нападите – Што порача?

Владиката Пимен одговори на нападите – Што порача?

2.42K
1

Европскиот Митрополит г. Пимен одговори на жестоките критики што во јавноста ги подби поради неговиот споделен пост со коментар на Фејсбук. Отец Пимен во одговорот дообјаснува дека неговиот пост се однесувал на проблемот со кучињата скитници, од кои честопати жртви се и граѓаните.

-Се изначитав така сочни коментари за прасето, а не добив одговор на прашањето:
Што со кучињата скитници особено во малите градови? Понуди ли некој конкретно решение за нив? Или само на интернет сме сочувствителни со кучињата, а малку послабо со сите оние луѓе што се жртви на истите?

Да им се загневте вака на кандидатите за градоначалници за да понудат решенија за овој сериозен проблем, повеќе ефект ќе имаше, отколку мене што ми го извадивте прасето низ нос.

Ајде да работиме, а не да кажуваме како треба да ни изгледа менито, напиша Отец Пимен на Фејсбук.

Претходно и здружението за заштита на животните „Амина Мунди“ реагираше на постот на владиката, порачувајќи му да се осврне на христијанската етика, духовност и сочуствителност, и да погледне во својата совест.

По серијата негативни коментари, Отец Пимен го повлече постот со фотографијата, но на неговиот профил се уште стојат копирани фотографии од неговиот пост, кој неговите пријатели на Фејсбук ги поставуваат.

Коментар(1)

  1. Taka si e Oce
    Poveke rabota a pomalku prazni i nevkusni komentari.
    Za mnogu godini Mitrovden

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *