Почетна Анализа Православие и мода: Во Москва отворена првата продавница за православна облека. Кој купува во нејзе?
Православие и мода: Во Москва отворена првата продавница за православна облека. Кој  купува во нејзе?

Православие и мода: Во Москва отворена првата продавница за православна облека. Кој купува во нејзе?

2.02K
0

Пред една година во центарот на Москва беше отворена првата продавница за православна женска облека. Таа е дел од еден мал синџир продавници кои исто така постојат во Санкт Петербург и во Екатеринбург. Називот го имаат добиено по приказна на Пушкин, а муштериите не се само православни верници, туку и жени кои сакаат лежерен и удобен стил на облекување.

Основачите на првата продавница за православна облека

Идејата за отворање на оваа продавница во 2012 година ја добиле Елена Цоколова и Евгенија Карузина. Тие речиси истовремено отишле на породилно отсуство и започнале да бараат облека за крштевање.

-Излезе дека не е лесно да се најде облека за во црква. Сè е премногу накитено, или не се покриени лактите и колената. Поради тоа одлучивме да создадеме колекција за православните христијанки “, вели Елена Цоколова.

-Во православието не постојат строги канони, но постојат непишани правила, и на нив се придржуваат сите оние што одат во црква. Облеката за во црква треба да биде скромна, без премногу впечатливи детали. Колената и лактите треба да бидат покриени, а жената треба да носи шамија, потенцира Елена Цоколова, една од основачките на синџирот продавници за православна облека „Баришња-Крестјанка“ (името е дадено според приказната на Пушкин „Госпоѓица-селанка“).

Сега продавници „Баришња-Крестјанка“ има отворено во Москва, во Санкт Петербург и во Екатеринбург. Во асортиманот има долги фустани и потсукњи, блузи и марами. Во понудата има и венчални фустани за оние на кои не им одговара премногу отворен крој. „Баришња-Крестјанка“ шие фустани од природни материјали за различни сезони. Назима се продаваат модели од волна, а налето од потенки материјали.

КОЈ КУПУВА ПРАВОСЛАВНА ОБЛЕКА? 

-Меѓу нашите купувачи има само 30-40% луѓе кои редовно одат во црква. Тоа се жени на свештеници и оние кои се вработени во црква, како и христијанки кои држат настава во неделните школи при храмовите. Сите останати муштерии едноставно сакаат винтиџ и бохемиан стил на облекување, и макси сукњи и фустани Има многу трудници и мајки кои дојат бебиња. Многу наши фустани се со таков крој што можат да се носат и за време на бременоста и по неа. , вели Цоколова.

-Меѓу православните христијанки има и такви кои се трудат да изгледаат привлечно, дури и во облека пригодна за одење во црква. Оваа продавница е како создадена за нив, смета Ољга Сибирјова од невладината организација „Сова“.

Нештата во овој бизнис денес се одвиваат мошне успешно. Во 2017 година се појави новата есенска колекција, во голема мера се прошири асортиманот, се појавуваат нови услуги, а исто така компанијата го започна и својот нов сајт.

/ Russia Beyond

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *