Верниците на МПЦ-ОА од Европската епархија масовно го одбележаа празникот Богојавление – Водици во сите парохиски цркви.
Надлежниот митрополит Пимен служеше во Словенија. Водосвет и положување на светиот крст направи на две локации. Во црквата Св. Климент Охридски Љубљана и во црквата Богојавление во Копар.
По Литургијата, на локацијата Мокра Мачка во Копер, беше извршен голем Богојавленски водосвет и чинот на спуштање на Чесниот Крст во водите на Јадранското Море.
-Со молитва и благослов, верниот народ го прослави јавувањето на Света Троица при Христовото Крштение, испраќајќи силна порака на вера, единство и духовна радост. Бог се јави! Навистина се јави!, велат од епархијата.










