Почетна Вести Владиката Петар ја осуди морбидната галерија со амбасадорите
Владиката Петар ја осуди морбидната галерија со амбасадорите

Владиката Петар ја осуди морбидната галерија со амбасадорите

490
1

Владиката Петар во изјава  за „Фокус“ ги осудил настаните кои деновиве беа поврзани со погребни поворки, крстови за политичари, како и морбидната галерија со амбасадорите, како нечовечни постапки, но вели дека ќе биде „уште полошо“.

petar-vladika-Постапката е за осуда, вели владиката Петар, но додава дека амбасадорите во земјава„ не кажаа ни збор кога се уништуваа споменици во Скопје, кога беше нападната канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов, или кога имаше закани дека живи луѓе ќе јадат“.

-Изгубео е трпението кај многу луѓе, и тоа и кај оние најтрпеливите, и работите ќе одат на полошо“, коментира владиката на МПЦ.

Владиката во изјавата за „Фокус“вели дека многу пати кога барал од владиците да реагираат во вакви, или во слични ситуации, бил прогласуван за „премногу строг“ , а неговите предлози за премногу радикални.

-Ако нештата навреме не се исправат, состојбата се влошува, го објаснува владиката Петар морбидното однесување на поединци и последиците од актуелните случувања ги споредува со води на надојдена река без речно корито, после која останува пустош и јад.

Избликот на мрачната страна на (не) човечкото битие според владиката Петар е резултат на неоправданото, но долго толерирано отсуство на осуда или опомена, према сите досегашни девијантни појави во македонското општество.

-Кога ќе се направат поголеми остапки на достоинствено однесување и кон непријателите, тогаш доаѓа до промена на позициите на духовните вредности – што е свето, што е чесно, а што нечесно. Младите одат по сосема погрешна насока. Се случија некои работи кои не требаше да се случат, а кои не беа осудени, како што беше уништувањето на спомениците. Не може, некој  поради своите недолични и непристојни постапки да биде осуден, а некој да биде помилуван. Сите треба да бидат осудени“, смета владиката Петар.

Тој апелира на смиреност, зауздување на страстите и враќање кон моралните вредности.

-Мора да се вратиме на етичките вредности, а за да се случи тоа треба секој што ќе ги помине црвените линии, совреме да биде опоменет и осуден. Во спротивно, ако нема реакција, тоа ќе продуцира нова нетрпеливост. Како ќе ги воспитуваме и што ќе научат од нас идните, младите генарации ? “, вели тој.

/ФОКУС

Коментар(1)

  1. Некој спомена етика и морал ?Го замолувам говорникот да се самокорегира и во практика да ни докаже дека тој поседува морални и етички квалитети.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *