Почетна Вести Европа Владика на СПЦ главен гостин кај Рускиот Патријарх во Москва
Владика на СПЦ главен гостин кај Рускиот Патријарх во Москва

Владика на СПЦ главен гостин кај Рускиот Патријарх во Москва

330
0

Црногорско-приморскиот митрополит на СПЦ, Јоаникиј е еден до ретките, ако не и единствен митрополит од останатите помесни православни цркви, кој откако почна руската инвазија на Украина сослужуваше со Рускиот патријарх Кирил во Москва. Од какво значење за РПЦ е ова сослужување, во време кога речеси сите православни цркви го осудуваат однесувањето на Патријархот Кирил, покажува и тоа што Владимир Путин лично ја сподели оваа вест.

Јоаникј пред два дена беше во Москва, каде прво служеше во Сретенскиот манастир, а потоа и во храмот во Кремаљ. Заедно со Јоаникиј е и парачко-славонскиот епископ на СПЦ, Јован.

-Како што знаете, Српската црква е слична на нашата Црква по култура, духовна определба и по залагањето за единството на православните Словени. Србите никогаш не беа на страна на непријателите на Русија, тоа се историски факти. Ние тоа го цениме, драг Владико! Еве и сега, наоѓајќи се во центарот на Европа, во тешка ситуација сте. Затоа сакам сите ние да го сочуваме своетое единство, посебно единството на Српската и Руската црква, кое се заснова на заедништво на нашиот духовен живот, на заедништвото на нашите светители, и што е најважно, на заедништвото на нашите многу тешки иостории. Нека Бог и натаму го јакне единството на српскиот и рускиот народ, братско единство на нашите цркви, изјавил рускиот Патријарх Кирил по литургијата.

-Ние не можеме многу да помогнеме во овие тешки времиња, но бидете уверени Ваша Светост, драги оци, драги браќа, дека не само ние архиереите и нашето свештенство, туку и целиот српски народ се моли за вас лично и за целината на Свети Рус. Бог по молитвите на Пресвета Богородица и сите светии, а и со нашите молитви да испроси благодат, милост и просветлување на сите кои се најодговорни, да им ги омекне срцата и што поскоро да почне дијалог, да се разговара и по патот на братски дијалог да се дојде до мир, изјавил црногорско-приморскиот митрополит Јоаникј по литургијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *