Почетна Вести Европа Латвија прогласи автокефална црква и ги раскина односите со Московскиот патријарх
Латвија прогласи автокефална црква и ги раскина односите со Московскиот патријарх

Латвија прогласи автокефална црква и ги раскина односите со Московскиот патријарх

379
2

Латвиската православна црква прогласи автокефалност со што ги раскина сите односи од Руската православна црква на која досега и беше потчинета. Одлуката е директен резултат на односот на РПЦ кон војната во Украина и благословот што Патријархот Кирил го даваше за воените дејствува.

Вчера во Црквата „Сите светии“ во Рига се одржа Собор на Латвиската Православна Црква со  учество и на духвници и на мирјани од кој прозлегоа две одлуки. Првата повик до Руската црква да ја претстави Латвиската црква за автокефална и втората со уставни измени тоа да го гарантира. Овие одлуки се направени со цел да се обезбеди канонски отпуст од Руската православна црква, за да не не се смета за расколничка оваа црква.

На оваа одлука и претходеше решение на латвискиот парламент од 8 септември со кое беше направена измена на Законот за Латвиската православна црква, со што беше променет нејзиниот статус дека ќе функционира независно и самостојно.

-Кога законот ќе влезе на сила, секакво влијание или власт на Московската патријаршија над нашата православна црква ќе биде отстрането. Раскинувањето со секакви врски со Московскиот патријарх е важно прашање за нашите православни христијани, за целотолатвиско општество и за националната безбедност, посочи тогаш латвискиот Претседател.

-Ова решение е од правна природа и профатените промени се однесуваат за правниот статус на црквата. Државата определи статус на нашата црква како автокефална. Државата определи дека Латвиската православна црква е јуриздикциски независна од кој и д абило црковен центар надвор од Латвија, со тоа што истовремено го поддржува духовното, молитвеното и литургиското општење со сите канонски православни цркви во светот. Промената на статусот не јаменува православната вера, догмите, литургискиот живот на црквата, календарот,литургискиот јазик, обредите, стои во официјалното соопштение на Латвиската православна црква.

Коментар(2)

  1. Ова е тоа кога црквата ќе падне под власт на државата! Јад и беда, брука и срамота! А, има ли соопштение од Латвиската црква за убиените 14 000 руси во Донбас за изминатите 8 години од страна на нацистите во Киев? Некој повик за милост на Киевската власт спрема народот во Донбас? Христос вика во Евангелието: кој не собира со мене , тој растура!

  2. Znaći Litvanskata crkva se priključi na satanizmot koj se sproveduva pod vlijanie na Vatikan, NATO i Brisel. I taa će počne počne da zagovara GEJ, PRAID I istoponi brakovi. Će zagovara da se slavat praznici, a ne Božić i Veligden, da decata imaat roditel 1 i roditel 2,a ne tatko i majka.. Epa neka e na zdravje.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *