(ВИДЕО) Амбасадорот на ЕУ заигра оро за Свети Трифун
Рефрените „Оној што силно љуби, мора да губи“ од песната „Туѓа си бескрајно“ го расположија амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, па се фати за оро на општонародната веселба во Демир Капија. Жбогар се покажа дека добро ја познава македонската музика, а не му претставуваа проблем ниту стандардните „три напред, еден назад“ чекори од македонските ора, пишува „Телеграф.мк“
Во Демир Капија денеска е вистински џумбуш. После утринските нервози и турканици во Скопје, каде што стотици граѓани сакаа да влезат во бесплатниот воз за да дојдат на манифестацијата во чест на Св. Трифун, во градот денеска има сосема поинаква слика. Сите се фатени на оро, плоштадот е преполн и се јаде и се пие сè што се нуди на отворената шведска маса.
/ТЕЛЕГРАФ.МК