Почетна Вести Професор Митревски: Секој Македонец треба да ја знае историјата за скопското Кале
Професор Митревски: Секој Македонец треба да ја знае историјата за скопското Кале

Професор Митревски: Секој Македонец треба да ја знае историјата за скопското Кале

293
0

„Скопската тврдина Кале-кошница на различни религии и култури“ е темата на трибинита која се одржа денеска во Порта Македонија во организација на Комисијата за култура при Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Komisija za kultura VMRO

Предавач на трибината беше проф. д-р Драги Митревски, професор на Филозофскиот факултет при УКИМ, на катедрата за Историја на уметност и археологија.

Mitrevski
Проф. Митревски е реномиран долгогодишен истражувач на тврдината Кале кој своите истражувања неодамна ги има презентирано во неговата книга со наслов „Скопската тврдината Кале“, во издание на Министерството за култура.

Mitrevski5На почетокот проф. Митревски истакна дека секој интелектуалец треба да знае за нашето Кале, затоа што нема белграѓанец кој не знае за Калемегдан или атињанец кој не знае за Акрополисот.

Тој истакна дека истражувањата на Калето започнуваат во 2007 година иако и претходноо имало потреба и било барано, но единствено Никола Груевски имал слух и храброст за започнување на овој огромен и доста значаен проект. На предавањето беше истакнато дека постојат 10 временски периоди во кои Калето било населено и секој од тие периоди носи свои карактеристики и обележја кои се доказ за живот и присуство на различни религии и култури.

Mitrevski4Калето традиционално било раскрсница на различни религии и култури почнувајќи од праисторијата, раната антика, византискиот период, средниот век, османслискиот период ни прикажуваат дека секоја епоха има свои белези, а човекот отсекогаш заедно со својата култура ја практикувал и својата религија.
Покрај многубројните артефакти има садови кои служеле за ритуални обреди, глинени женски фигури и фигури на животни, монети, накит, орудија и оружја, крстови, икони итн.

Mitrevski3
Проф. Митревски нагласи дека досега за Калето се направени три книги и неколку изложби надвор од Република Македонија, и изрази задоволство што ваква презентација за тврдината Кале за прв пат се случува во земјата.
На крајот од предавањето проф. Митревски заклучи дека иднината на македонската култура треба да ја гледаме и промовираме преку различните, а обединувачки вредности, преку споделување и промовирање на истите, дека тој е вистинскиот образец.

Mitrevski2
Mitrevski1

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *