Почетна Вести Верниците на МПЦ од црквата во Краун Поинт во САД организираа донаторска акција
Верниците на МПЦ од црквата во Краун Поинт во САД организираа донаторска акција

Верниците на МПЦ од црквата во Краун Поинт во САД организираа донаторска акција

680
0

Управата при храмот „Свети Петар и Павле“ од Краун Поинт, Индијана во САД, заедно со македонските верници и старешината презвитер Георгиј Глигоров организираа донаторска акција и донираа душеци за спиење на ЈЗУ Психијатарската болница „Скопје“ во с. Бардовци.

Донацијата е организирана со благослов на Неговото блаженство, Архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и на Неговото високопреосвештенство, Митрополитот американско-канадски г. Методиј.

Донацијата била реализирана и предадена преку црковната општина „Свети Николај Мирликиски“ од општина Аеродром, од каде што досега во повеќе наврати беа донирани облека, прехранбени и хигиенски средства на споменатата установа.

Свештеникот Зоран Велковски и храмовиот ѓакон Кирил Фидански донацијата ја доставија до крајната цел.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *