
Верски календар: 29 Ноември
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Катарина Лабоур.
На 27.11 1830 година, на полноќ, во улицата Руе ду Бак во Париз, на Катарина и се појавила Св. Богородица. Таа молчела 40 години и никому не кажувала што и се случило. Пред да умре, им кажала на луѓето дека и се појавила Света Богородица од Чудотворен медаљон. Како млада девојка се одлучила да им се посвети на најсиромашните и поради тоа им се придружила на сестрите Милосрднички. Катарина имала една желба: во светот да се прошири чудотворието, а со тоа и честа на Мајката Господова. Умрела во 70-та година од животот.
Црквата на улицата Руе ду Бак, во Париз, каде почива телото на Катарина Лабоур, годишно ја посетуваат околу два милиони луѓе, молејќи и се за разни потреби. Во црквата се случиле многу чудесии (многу болни луѓе, се здобиле со здравје на душата и телото).