Почетна Вести Христијанство Вартоломеј повторно честиташе на македонски јазик – овој пат за Прочка
Вартоломеј повторно честиташе на македонски јазик – овој пат за Прочка

Вартоломеј повторно честиташе на македонски јазик – овој пат за Прочка

3.13K
0

Вселенскиот патријарх Вартоломеј продолжи своите пораки да ги објавува и на македонски јазик. Откако на почетокот од годината го објави и Божиќното послание на македонски јазик. Откакако Вселенската патријаршија на 9 мај 2022 година ја врати МПЦ-ОА, како Охридска Архиепископија во канонско единство во останатите помесни православни цркви, Вселенската патријаршија го впиша и македонскиот јазик во јазиците на кои Патријархот ги објавува своите посланија. Ова е трето послание објавено на сајтот на Вселенската патријаршија на македонски јазик.

Во продолжение интегралниот тескт од пораката за Великот пост пред Велигден.

 

Всленскиот партријарх Вартоломеј пред почетокот на великиот пост објави  огласително слово на македонски јазик на веб страницата на Всленската патријаршија.

+ В А Р Т О Л О М Е Ј

ПО МИЛОСТА БОЖЈА

АРХИЕПИСКОП НА КОНСТАНТИНОПОЛ – НОВ РИМ

И ВСЕЛЕНСКИ ПАТРИЈАРХ

ДО СЕТА ПОЛНОТА НА ЦРКВАТА,

НЕКА ИМА БЛАГОДАТ И МИР

ОД НАШИОТ СПАСИТЕЛ И ГОСПОД ИСУС ХРИСТОС,

А ОД НАС МОЛИТВИ, БЛАГОСЛОВИ И ПРОШКА

* * *

Сечесни браќа Архијереи и чеда благословени во Господа,

Благодатта на Бог на љубовта нè удостои уште еднаш да влеземе во душеполезниот период на умилителниот Триод и да стигнеме до Светата и Велика Четириесетница, поприштето на подвижнички борби полно со дарови одозгора и со крстовоскресно веселие. Во ова благословено време јасно се открива духовното богатство и динамиката на црковниот живот и спасителниот принос во сите свои пројави.

Многу се поучивме од безизлезната и самооправдувачка гордост на фарисејот, од неплодниот етицизам и жестокосрдечноста на постариот син од параболата за заблудениот, и од нечувствителноста и осудата на оние кои беа незаинтересирани за гладните, жедните, странците, голите, болните, и затворените „најмали браќа“ на Судијата. На сите нас ни се откри вредноста и моќта на смирението и покајанието, на простувањето и милосрдието, ставовите на чие негување Црквата настојчиво нè повикува во периодов што започнува.

Светата и Велика Четириесетница е време на благопријатно духовно, душевно и телесно очистување и вежбање, кое се одвива, како што слушнавме во штотуку прочитаното евангелско зачало, преку постот, кој не смее да се почитува за „да биде виден од луѓето“, како и преку простувањето на браќата: „Ако им ги простите на луѓето нивните гревови, ќе ви ги прости и вашиот Отец небесен“. Тоа, пак, секој ден го исповедаме во Господовата молитва со она: „како што им ги проштаваме и ние на нашите должници“.

Вчера, Сирна сабота, Црквата го испочитува споменот на светите мажи и жени кои блеснаа со подвигот. Светиите не се само пример за верниците со добрата борба во животот во Христа и според Христа, туку се и сопатници, пријатели и помагачи во подвижничката трка на постот, покајанието и смирението. Ние не сме сами во нашите потфати, туку Го Бога Кој за нас благоизволи и нѐ благословува, како поддржувачи ги имаме светиите и мачениците, а како посредница за сите нас пред Господа – Првосветата Богородица. Светоста е доказ за силата на Божјата благодат и соработката на човекот во Црквата, преку учеството во светите таинства и преку запазувањето на божествените заповеди. Не постои „бесплатна набожност“ и „лесно Христијанство“, ниту „широка порта“ или „широк пат“, што водат кон небесното Царство.

Црквата постојано нѐ потсетува дека спасението не е индивидуален, туку црковен настан, заеднички подвиг. За време на од Бога покриената Света и Велика Четириесетница се открива одлучувачкото значење за духовниот живот на верниците на учеството во животот на заедницата, во христијанското семејство и парохијата или, соодветно, во монашкото општежитие. Сакаме да ја истакнеме функцијата на христијанското семејство како животна заедница за доживување на духовноста на Великата Четириесетница. Светиот претходник на нашето Смирение, Свети Јован Златоуст, го нарече семејството „мала црква“. Навистина, во семејството се случува воцрковувањето на нашето постоење, се развива чувството за општествениот и заедничкиот карактер на човечкиот живот и животот во Христа, љубовта, меѓусебната почит и солидарност, животот и радоста на соживотот се доживуваат како божествен дар. Заедничкиот напор за применување на црковното правило и етосот на постот во рамките на семејството, го истакнува харизматичниот карактер на подвижничкото живеење и, пошироко, увереноста дека сѐ што е вистинити, чесно и праведно во нашиот живот доаѓа одозгора; дека и покрај нашата сопствена соработка и придонес, тие на крајот го надминуваат за човекот возможното и човечките мерки. Бездруго, заедницата на животот, взаемната љубов што не бара свое и простувањето не оставаат простор за барање право и за себељубие. Израз на овој дух на „заедничка слобода“ и евхаристиски аскетизам е нераскинливата врска на постот, човекољубието и учеството во парохискиот и литургискиот живот на Црквата. Живеењето на „великопосната атмосфера“ во христијанското семејство води до длабочината на вистинитоста на црковното искуство и е лулка и почетна точка на христијанското сведоштво во секуларизираното модерно општество.

Молете се, браќа и чеда, сите да го истрчаме поприштето на Светата и Велика Четириесетница со божествена ревност, во пост и покајание, во молитва и умиление, помирувајќи се во себе си и со другите, општејќи во животот, покажувајќи им се како „ближни“ на оние што имаат потреба од човекољубиви дела, проштавајќи си еден на друг и прославувајќи го во сè наднебесното име на милостивиот Бог, молејќи Го да благоизволи да ја достигнеме Светата и Велика Седмица со очистени размисли и со радост и восхит да се поклониме на Неговото светлоносно Воскресение.

Света и Велика Четириесетница 2024

† Константинополскиот,  огнен молитвеник пред Бога за сите вас

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *