Вартоломеј: Културното наследство е одговорност кон иднината

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј го отвори со свое обраќање настанот „Heritage Istanbul“, посветен на зачувување и промоција на културното наследство на Истанбул.

Говорејќи на турски јазик, патријархот истакна дека иднината на секое општество е тесно поврзана со начинот на кој ја чува сопствената меморија. Тој предупреди дека заедниците кои ја губат врската со своето минато,ризикуваат да го изгубат и чувството за насока. „Културното наследство не е само простор за сеќавање на минатото, туку и заедничка одговорност кон иднината“, нагласи патријархот.

Тој го опиша културното наследство како меморија на човештвото, преку која општествата се разбираат себеси и го определуваат наследството што ќе го остават зад себе. Во тој контекст, ја истакна долгогодишната улога на Вселенската патријаршија во зачувување на ова наследство, преку реставрација на храмови, училишта и гробишта, како и преку заштита и дигитализација на ретки ракописи и архивски материјали.

Патријархот посебно ја нагласи и духовната, уметничката и симболичката вредност на иконографијата како дел од црковното наследство.

Осврнувајќи се на иницијативите за зачувување на колективната меморија, тој го спомена одбележувањето на 1700-годишнината од Првиот вселенски собор во Никеја, заедно со папата Лав XIV и други христијански лидери.

Вартоломеј нагласи дека Вселенската патријаршија не се занимава само со зачувување на минатото, туку активно учествува и во современите општествени процеси, поттикнувајќи дијалог, соживот и солидарност, како и вредности како толеранција и меѓусебно почитување.

На крајот, тој повторно повика на прекин на конфликтите и воспоставување мир во региони како Блискиот Исток и Украина.

Настанот се одржа во присуство на бројни учесници од различни институции, а патријархот беше пречекан од претседателот на организацискиот одбор Осман Мурат Акан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img