Почетна Вести Услови за посета има, се чека одлука на Франциск да дојде во Македонија
Услови за посета има, се чека одлука на Франциск да дојде во Македонија

Услови за посета има, се чека одлука на Франциск да дојде во Македонија

303
0

Првата официјална посета на Пјетро Паролин, како втор човек на Ватикан може да се толкува како прва фаза од можноста Поглаварот на римокатоличката црква да ја посети Македонија. Но, засега такво нешто не е договорено иако македонската покана за Франциск останува отворена.

Државниот секретар на Ватикан, кој денеска беше на средби со државниот врв, со премиерот Емил Димитриев и Претседателот Ѓорге Иванов, вели дека оваа опција останува отворена, но дека не може да прецизира дали и кога тоа може да се случи.

На светиот отец веќе му е упатена покана од страна на македонската Влада и на Католичката црква. Посочени се и одредени датуми како оној за одбележување на 1.100 годишнината од раѓањето на Свети Климент Охридски или канонизацијата на Мајка Тереза во септември годинава. Сепак, одлука за посета на Македонија не е донесена, ниту пак може да се зборува за некаков датум. Годинава ќе се случуваат многу важни настани во Рим бидејќи оваа година е прогласена за година на милосрдието, така што Папата веќе откажа многу посети за да посвети доволно внимание на овие активности, потенцира Паролин.

Премиерот Димитриев пак, оценувајќи дека изминатата година има зголемена динамика на билатералните посети и средби потенцира дека тие се доказ за пријателството и блискоста меѓу двете земји. Тој изразува надеж дека тие ќе бидат заокружени со посета на Папата.

За можноста Папата да ја посети Македонија Кардиналот Паролин зборувал и на средбата со македонскиот Претседател.

Иванов изразил надеж дека Папата Франциск ќе ја прифати поканата за посета на Македонија,  што би било од огромно значење за унапредувањето на билатералните односи, за католичката заедница во Република Македонија и воопшто за сите христијански верници.

-Самата посета на ваков висок гостин од Ватикан, која за прв пат се случува, се толкува и како можна најава за посета и на Папата. Ние се надеваме дека тоа и ќе се случи, вели Претседателот Иванов.

За посета на поглаварот на римокатоличката црква на Македонија практично се исполнети сите предуслови. Покрај потребните покани, покажаниот интерес, во Скопје веќе се создадени и услови што ги предвидува ватиканскиот протокол за една таква посета. Практично со изградбата на новата бискупска резиденција, што Кардиналот Паролн денеска ја освети се овозможува и просторни услови за престој на Папата.

Според протоколот на Ватикан, Папата при посета на некоја држава не престојува во хотел туку во резиденцијата на својата црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *