
Куполите на црквата “Св. Константин и Елена“ блеснаа во злато
Црквата „Св. Константин и Елена“, која се гради на улицата „Македонија“ во Скопје, го добива финалниот изглед. Веќе се поставени и златните куполи. Фасадата со орнаменти е речиси завршена. Кога ќе биде готова црквата, надлежните од Македонската православна црква не прецизираат. Последната фаза ќе биде внатрешното уредување.
Од МПЦ лани распишаа конкурс за внатрешно уредување на храмот со кулата-камбанарија, како и партерно уредување на просторот околу црквата.
Со конкурсот се бараше изработка на иконостас, престол-олтар, клупа за владици, архиепископски трон, владички трон, постаменти за икони, клупи за верници, лустери, балдахин за плаштеница, продавници за свеќи, за икони и за книги, бина за хор, продавница за сувенири во кулата-камбанарија, како и технички простории.
Црквата „Свети Константин и Елена“ почна да се гради во ноември 2012 година.
Фото: Скопјеинфо