Ѓурѓовденска литија во Струга

Date:

Share post:

Моштите на Свети Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона и годинава, по 17 пат, на вториот ден од празникот Ѓурѓовден ја благословија Струга, со што продолжи црковната манифестацијата што традиционално се одржува секоја година.

Моштите на светителот од манастирот во Рајчица свечено беа пречекани попладнево во храмот „Свети Георгиј“ во Струга, каде верниците им се поклонија. Околу  16:00 часот се одржа вечерната богослужба, по која следеше литијата. Тргна од дворот на црквата „Свети Георгиј“, помина низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ чаршијата и повторно се врати во црковниот двор.

Во богослужбата учествуваа архиепископот Стефан, митрополитот Дебарско-кичевски Георгиј и митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф.

Моштите на свети Великомаченик Георгиј беа поставени на раскошно украсен епитаф, носени од четворица угледни граѓани, го осветија градот со торжествена литија, или позната уште под називот еордија.

Постојат сознанија дека торжествената Струшка литија се одржува од осветувањето на храмот „Свети Георгиј“, 7-ми мај 1835 година. Според протојереј Васко Голабоски, литијата се извршувала како црковна процесија со иконата од свети Великомаченик Георгиј од 16 век на која е зографисан светецот со елементи од неговото житие.

/охрид прес

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here