Зошто Серафим Роуз не може да биде светител на источноправославната црква

Date:

Share post:

Ова ќе биде еден од моите најкратки текстови. Затоа што оној што не разбира од два јасни збора, нема да разбере ниту од дваесет тома напишани книги.

Пишува: Архимандрит Никанор

Јеромонахот Серафим Роуз никогаш евхаристиски и канонски не ѝ припаѓал на Источно-православната црква!

Тој ги обвинувал апсолутно сите помесни православни цркви за отстапување од Православието и ги сметал за еретички — едни биле западнати во „ереста на екуменизмот“, други — во „ереста на сергијанството“, а трети — и во двете.

Јеромонахот Серафим Роуз е дел од таканаречената Вистинска-православна црква, која по сè наликува на Источно-православната, но е посебна, новонастаната (тие би рекле спротивното) верска заедница. Поради тоа, за време на својот живот тој никогаш не би се соединил со Московската патријаршија, а камоли да ја поднесе мислата таа некогаш да го канонизира.

Вистински-православната црква, во лицето на Руската православна црква зад граница (РПЦЗ) под омофорот на митрополитот Агафангел Пашковски, одамна го има прославено во ликот на своите светители.

Да се прославува јеромонахот Серафим Роуз за светител од страна на Московската патријаршија е исто толку нелогично, колку што би било папата да го канонизира Марко Ефески!

Некои велат: „Но, тој имал голема љубов кон Христа.“ Голема љубов кон Христа имал и Франциск Асишки — тогаш зошто и него да не го канонизира Православната црква?

И како тоа таа негова љубов кон Христа го одвела ДАЛЕКУ од Христовата Црква?

Може ли некој да одговори на тоа прашање!?

Затоа што јеромонахот Серафим Роуз починал надвор од Црквата — во таканаречениот „старостилен раскол“.

1 COMMENT

  1. За среќа и спокој на целото Православие, самоповиканиот, за сите прашања самоназначен експерт, господин архимандрит не е тој што определува кој е свет или не е.
    Самиот Бог ги прославува своите светии, кои ги исполнувале Неговите заповеди и со целото срце и душа го прославиле Триединиот Бог. Според логиката на овој архимандрит и многу други светители, кои не одговарале на одредена пропаганда и наратив, не би требало да бидат тоа. На пример, учителот на вселената Свети Јован Златоуст, бил расчинет и се упокоил во прогонство… Но Бог го прославил и го објавил на целата вселена како Негов Божји слуга и светител и пријател Христов.
    Светиот Мартин Исповедник Папа Римски, исто така се упокоил во затвор, прогонет од својата катедра заради што не ги прифаќал учењата на „официјалните“, паднати во ерес, архиереи и цареви… Пак и него Бог го прославил заедно со светиот и преподобен отец на Црквата Максим Исповедник. Каде се „официјалните“ на кои се уподобува овој прилично проблематичен архимандрит? – На буништето на историјата.
    Нека никој не се залажува себеси и другите дека ние, луѓето, ја знаеме правдата Божја. И за екуменизмот, и за сергијанизмот, и за сите „полиеретикоизми“, Светата Црква во Светите канони и учењето на светите отци го дала својот одговор и лек. И по икономија и по акривија.

    А за отец Серафим Роуз, сведочат неговите добри дела кои го прославуваат Бога. Тој е еден од најзначајните православни мисионери од втората половина на 20от век. Пред некој да го критикува, прво нека приведе пред Христа, барем една десетина од душите коишто го пронашле спасението преку дејноста на отец Серафим Роуз. Исто онака како што тој го пронашол Христа, гледајќи ја нетварната светлина, која излегувала од олтарот кадешто служел Света Литургија Јован „босиот“ Битолски и Шангајски и Архиепископ на Сан Франциско.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here