Без изненадувања Грузиската црква избра нов Патријарх – Шио III на престолот во Тбилиси

Date:

Share post:

Митрополитот беше избран за нов Католикос-Патријарх на сета Грузија за време на историскиот Проширен собор на Грузиската православна црква, одржан во катедралниот храм „Света Троица“ во Тбилиси.

Митрополитот Шио, кој служеше како местобљустител на Патријаршискиот престол по упокојувањето на покојниот патријарх Илија II, беше избран со 22 гласа во текот на гласањето спроведено меѓу архиереите на Грузиската православна црква.

Митрополитот Јов Акиашвили од Мровелската и Урбниската епархија доби девет гласа, а митрополитот Григориј Бербичашвили од Потската и Хобската епархија доби пет гласа.

-Со смирение, со благодатта и надежта Божја, го прифаќам мојот избор за Католикос-Патријарх на сета Грузија, изјави новиот грузиски патријарх по изборот.

-Тешко ми е во овие мигови да ја изразам мојата духовна состојба, која го придружува овој избор што ми дарува и толку голема чест и толку тежок крст. Ве молам, молете се за мене, изјави тој.

По завршувањето на Црковниот собор одржан во катедралниот храм „Света Троица“ во Тбилиси, патријархот Шио III им се заблагодари на свештенството и верниците и истакна дека за него е и голема чест и длабока одговорност тоа што е именуван за нов патријарх.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here