Новиот Грузиски патријарх ќе биде устолучен утре на 12 мај

Date:

Share post:

Устоличувањето на новиот Грузиски патријарх Шио ќе се одржи на утре 12 мај во катедралниот храм во Тбилиси.

Датумот на устоличувањето го објави самиот нов Католикос-Патријарх на сета Грузија.

Во денешното гласање за избор учествуваа сите 39 членови на Светиот синод. Пребројувањето на гласовите се одвиваше зад затворени врати. Претседателот на комисијата за пребројување на гласовите, митрополитот Ананија Џапаридзе, го објави резултатот.

На проширениот собор, право на глас при изборот на Католикос-Патријархот имаа само членовите на Светиот синод, додека делегатите кои учествуваа во пошироката работа на соборот имаа само советодавен глас.

Новоизбраниот патријарх сега ја презема одговорноста да ја води Грузиската православна црква во нова ера, зачувувајќи ги единството, духовното наследство и историските традиции на грузискиот народ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here