Турција и дозволи на Вселенската патријаршија да отслужи две историски литургии

Date:

Share post:

Вселенската патријаршија доби дозвола од надлежните турски власти за отслужување на Божествени литургии на две историски поклонички места во Мала Азија и Понт, во недела, на 23 август 2026 година, кога Православната црква го одбележува одданието на празникот Успение на Пресвета Богородица.

Според официјалното соопштение, издадени се сите потребни дозволи за богослужби да бидат отслужени на две локации од особено значење за Православието.

Во урнатините на историскиот манастир „Пресвета Богородица Фанеромени“ во Артаки, Кизик, со Божествена литургија ќе чиноначалствува Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во исто време, архиерејска Божествена литургија ќе биде отслужена и во историскиот манастир „Пресвета Богородица Сумела“ кај Трабзон, продолжувајќи ја традицијата од последните години, која овозможува во овој прочуен понтски манастир да се одржуваат православни богослужби.

Во своето соопштение, Вселенската патријаршија изрази задоволство поради издавањето на дозволите, кои ќе им овозможат на верниците да го одбележат одданието на празникот Успение на Пресвета Богородица на две од најзначајните поклонички места на христијанскиот Исток.

/orthodoxtimes

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img