Почетна Вера МПЦ-ОА Торжествена прослава на Мала Богородица во Струмичката епархија. Владика на ГПЦ служеше литургија
damaskin strumica 16
damaskin strumica
damaskin strumica 15
damaskin strumica 14
damaskin strumica 13
damaskin strumica 12
damaskin strumica 11
damaskin strumica 10
damaskin strumica 9
damaskin strumica 8
damaskin strumica 7
damaskin strumica 6
damaskin strumica 5
damaskin strumica 4
damaskin strumica 3
damaskin strumica 2
damaskin strumica 1

Торжествена прослава на Мала Богородица во Струмичката епархија. Владика на ГПЦ служеше литургија

446
0

Владиката г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли од Грчката Православна Црква е во возвратна посета на Струмичката епархија, откако на 8 септември Владиката Наум сослужуваше со него во Дадија, во близина на Суфли во Грција.

Присуството на овој владика на ГПЦ го зголеми торжественото чествување на големиот празник посветен на Рождеството на Пресвета Богоридица, или кај народот познат и како Мала Богородица.

Митрополитот г. Дамаскин утрово во манастирот ,,Покров на Пресвета Богородица ,, и св.Леонтиј во Водоча, чиноначалсвуваше со архерејската Божествена литургија, во сослушение со митрополитот г. Наум и Епископот г. Јаков.

Вчера попладне пак во манастирот на Светите Петнаесет Свештеномаченици во Струмица , Митрополитот струмички г. Наум и викарниот Епископ Стобиски г. Јаков го пречекаа владиката г. Дамаскин, а потоа беше отслужена празнична вечерна богослужба во чест на празникот на Раѓањето на Пресвета Богородица.

-Особен благослов за верниот народ на Струмица имаше можност да се поклони на Светите мошти на великиот отец на Црквата Св. Свeшт. мч. Дионисиј Ареопагит, велат од Струмичката епархија.

Помина Велигден, но денеска исто како да имаме Велигден, бидејќи Господ е Тој што нѐ зближува, ни ја дава таа голема радост, да сме заедно, еден до друг и сите заедно блиску до Бог, чие што тело и крв денеска Го примивме. Би сакал од оваа место, да му се заблагодарам од сѐ срце на нашиот владика Наум, и на Епископот Стобиски г. Јаков, на сите браќа, и на сите вас, што го посведочивте овој голем чин за Црквата Христова, тоа е црква, црквата е мир, љубов и заедница. Може да зборуваме различни јазици и да имаме различни навики и обичаи, ние сите го зборуваме јазикот на срцето и тој јазик на срцето е Христос. Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент, нашиот владика Наум се има потрудено многу, но пред сè преку неговите молитви е возможна оваа денешна литургија. Клучно е оваа денешно наше присуство на оваа литургија, овие долгогодишни обиди, што започнаа на Света Гора, конечно овие обиди дадоа плод и се остварија. Да биде благословено името Господово, изјави владиката Дамаскин по литургијата.

Погледнете ја галеријата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *