Почетна Вести Христијанство Тимотеј: Треба да продолжат разговорите со Бугарската православна црква
Тимотеј: Треба да продолжат разговорите со Бугарската православна црква

Тимотеј: Треба да продолжат разговорите со Бугарската православна црква

430
2

Светиот архијерејски синод на Македонската правосалвна црква-Охридска архиепископија го прифати извештајот од почнатите разговори на црковните комисии на МПЦ и на Бугарската православна црква и донесе став разговорите меѓу двете црковни комисии да продолжат.

Портпаролот на Синодот, г. Тимотеј, по синодската седница, која се одржа денеска и на која беа разгледани повеќе актуелни прашања од црковниот живот, рече дека САС на МПЦ, покрај другото, ги афирмира своите досегашни непроменети ставови и уште еднаш апелира до државните фактори и институции да го зачуваат Уставот, да не се менува уставното име на Република Македонија, да не се менува уставната позиција на македонскиот јазик, да се сочува унитарниот карактер на земјата и да не се отстапува од македонскиот национален идентитет. Со овој став на САС целосно ги поддржуваат правата на другите етнички заедници во согласностс со Уставот.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа што стои во извештајот од седницата на првата комисија меѓу МПЦ и Бугарската православна црква и дали има некакви индиции што вчера во изјава ги кажа владиката Петар дека требало да биде јасно разграничено дека идентичноста на црквите не значи дека сме исти држави, ист народ и ист јазик со Бугарите и дека требало тука да се прецизираат, тој рече дека никој од архијереите на МПЦ никогаш не го поставувал како прашање ниту, пак, може да го поставува како прашање дека сме посебен народ, посебна држава и посебен јазик.

„Доколку некој има во главата такви размислувања или дилеми, тоа е негов проблем, меѓутоа кај никој од архијереите, не само архијереите, туку сметам дека целокупното свештенство и монаштво нема такви размислувања“, рече Тимотеј.  Во врска со тоа дали Бугарската православна црква и официјално ја има известено Цариградската патријаршија за ова барање од МПЦ, Тимотеј вели дека тие на 7 јануари ќе патуваат за Цариград по повод реновирањето на нивната катедрала од периодот уште на егзархијата Свети Стефан и смета дека тогаш и ќе разговараат.

Следната средба се очекува да биде во текот на јануари.

/МАКФАКС

Коментар(2)

  1. Bugarskata crkva dva pati ja nametnala svojata jurisdikcija na teritorijsta na makedonskiot duhoven prostor, po prethodno navleguvanje na bugarskata vojska policija i komiti na koi se taa naslonuvala. Vo ovoj slučaj taa dobrovolno se povikuva da se nametne vo Makedonija i toa so zomoluvanje. Mnogu zalosno i smešno. Ne znam kakov e stavot po ovaa prašanje na profesorot Jovan Belčovski. No sudejki po se, mislam deka e ova samovolno propađanje vo se podlaboka kal na makedonskite arhierei.Od ova ništo nema da bide , bidejki Mpc e del odvoen od Spc, a nikako od Bpc i rešavanjto na toa prašanje e vo nadležnost a Spc koja večem go a hirotonisana Vraniškovski. Sega e na vidik i treta crkva vo Makedonija .

  2. Mpc ne e privatna sopstvenost na aktuelnite, nitu političkite nitu crkovnite načelnici vo Makedonija pa taa.da bide podvrgnata na nivnata samovolja.Nemaat tie mandat da ja potturaat pod ničie majčinstvo nitu pak da ja pokerčuvaat.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *