
404
0
Сојузот на православни граѓани на Русија го обвини вселенскиот патријарх Вартоломеј за „Источен папизам“ заради неговото одбивање да се разговара за проблемите за Сеправославниот собор.
-Цариградскиот патријарх отиде предалеку и се наметнува во целиот свет како „православен папа“, изјави Валентин Лебедев, претседател на Сојузот.
Тој го обвини патријархот Вартоломеј дека се обидува да изврши „инавзија на канонска територија на Руска православна црква“, во Украина, Естонија и во Абхазија.
Руските аналитичари деновиве изјавија дека сега може да се очекуваат возвратни обвинувања од Вселенската патријаршија против Московската патријаршија и нејзините цркви – сојузници.