Свештеници на МПЦ секојдневно чистат поплавени куќи

Date:

Share post:

Неколку свештеници на Македонската православна црква, како и ѓакони и верници изминативе три дена активно се вклучени во теренското расчистување на поплавените кучи во населбите во Скопје кои беа зафатени од катастрофалното невреме.

Меѓу најактивните свештеници се Отец Бобан Митевски од Црквата „Свети Николај“ во Аеродром, двајцата свештеници Отец Даниел и Отец Димишков од Храмот во Ченто, како и Отец Оливер од Драчево и Отец Бобан од црквата во Трубарево.

-Господ да ги благослови сите верници што помогнаа и помагаат… Јас многу Му благодарам на Бога што повеќемина свештеници се ангажираат, вели еден од свештениците.

Македонската православна црква изминативе денови беше предмет на критики дека стои на страна и не се вклучила во помош за настраданите.

Но, верниците велат дека таквата перцепција е резултат на тоа што хуманитарните акции кои се случуваат се далеку од објективните на камерите

-По црквите се собира хуманитарна помош и таа се транспортираа до погодените подрачја. Се собира храна, вода, облека, средства за хигиен, алат за работа и сл. Освен тоа и голем дел од МПЦ, односно свештениците, се физички присутни на терен и им помагаат на населението да си ги исчистат куќите и дворовите, велат верниците.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img