Папата Франнциск, преку преку Државниот секретар на Ватикан, Кардиналот Пјетро Паролин испрати телеграма до скопскиот бискуп Киро Стојанов, со која изразува сочувство до настраданите во временската непогода, што во саботата се случи во околината на Скопје, соопшти Комисијата за однос со верските заедници и религизни групи.
Во телеграмата стои дека Неговата Светост испраќа свој апостолски благослов, искажувајќи ја својата духовна блискост за сите оние кои ги изгубиле своите животи и се моли за оние кои пострадале од последиците на невремето.


