
Статуата на Марија од Назарет пристигна во Скопје
174
0
Од вчера статуата на Марија од Назарет е во Скопската катедрала „Пресвето Срце Исусово“, каде веднаш по пристигнувањето била изложена.
Синоќа во присуство на статуата била организирана Света Литургија предводена од Скопскиот бискуп и Апостолскиот егзарх во Македонија Киро Стојанов и во придружба на Џовани Мариа Леонарди кој ја придружува статуата на нејзиниот пат околу светот, како и скопскиот парох Давор Топиќ и капеланот Јошт Мезег и бискупискиот канцелар отец Марјан Ристов, а на Литургијата присуствувале и многу верници од Скопје и други градови.
Статуата ќе биде изложена во Скопската катедрала до 27 мај 2016.