
Српскиот патријарх ќе ја води службата на обединување во Света Софија
В понеделник на петти јуни, Духовден во црквата Света Софија во Охрид и официјално МПЦ-ОА и ПОА ќе се обединат во една црква, односно четирите владици на ПОА, задно со свештениците ќе се вратат во МПЦ-ОА.
Според информациите на Религија.мк, на заедничката Богослужба, со која ќе чиноначалствува Патријархот Порфириј, од ПОА ќе служи само, сега веќе, Дељадровско-илинденскиот епископ Јоаким, останатите владици во службата ќе учествуваат молитвено.
На Патријархот Порфириј ќе му сослужуваат Архиепископот г.г. Стефан и тројцата владици на МПЦ-ОА кои отстапуваат делови од своите епархии за новите владици. Преспанско-пелагонискиот г. Петар, Кумановско-осоговскиот г. Григориј и Брегалничкиот г. Иларион. Со нив ќе служи и Дебарско-кичевскиот г. Тимотеј, како домаќин.
Од страна на СПЦ, гости ќе бидат Морачкиот епископ Сава и топличкиот Петар.
Целиот настан ќе биде пренесуван во живо на државната телевизија МТВ.
Враќањето на ПОА во МПЦ-ОА ќе финишира со заеднички ручек во Хотелот Изгрев во Струга.
А каде ако не во Св.Софија?
Па да речеме во седиштето на новата епархија Дељардовце. Ама сепак проблем ќе е. Таму мислам дека нема интернет сигнал. А може нема ни сигнал за мобилна телефонија.