Почетна Вера МПЦ-ОА Српски свештеник на служба за Спасовден во Бигорски.
Српски свештеник на служба за Спасовден во Бигорски.

Српски свештеник на служба за Спасовден во Бигорски.

2.29K
0

Свештеници и верници од Српската Православна Црква гости на Бигорскиот манастир за празникот Вознесение Христово.

На литургијата заедно со епископот Партениј, сослужувал свештеникот Светогор Сандиќ од Сремската епархија на СПЦ.

-Да се вознесеме и ние во висините при Бога со целото наше битие зашто Вознесението на Христа ни го отвори патот кон горниот Ерусалим. Нашиот велелепен бигорски храм денес мисловно ни беше и Маслиновата гора и горниот Ерусалим, во кој се поклонивме на Христа Кој се вознесе во слава. Нашата радост изобилуваше од присуството и претстоењето на нашиот Старец и Игумен, Епископ г. Партениј, но и од сослужувањето на благоговејниот јереј г. Светогор Сандиќ од Сремската епархија, кој пристигна во нашата Свештена Обител со група благочестиви поклоници од православна и братска Србија. Радоста од заедничарењето во Телото и Крвта Христова ги исполни присутните со благодарност и возвишени чувства, велат од Бигорскиот манастир.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *