Почетна Вести Ислам Имало ли обид за пуч во ИВЗ?
Имало ли обид за пуч во ИВЗ?

Имало ли обид за пуч во ИВЗ?

1.25K
0

Поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаху разлешил дваесетина видни членови на ИВЗ од раководни функции, откако разбрал дека му се подготвува пуч и негова смена, дознава Религија.мк.

Настанот се случил оваа недела, но официјално не можат да се добијат информации. Она што религија.мк, го дознава дека во игра биле кумановското и тетовското муфтиство, кои наводно заговарале смена на поглаварот на ИВЗ. Планот бил провален, па Реизот Фетаху практично преку ноќ ги разлешил сите кои наводно биле инволвирани во случајот.

Една од причините кои неофицијално се споменуваат е што групата противници му замерувале на поглаварот заради нетранспарентноста во неговата работа.

Шакир Фетаху дојде на позицијата поглавар на ИВЗ, откако беше разрешен Сулејман Реџепи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *